Првата пречка од Обамакер кон Трампкер | Свет | DW | 05.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Првата пречка од Обамакер кон Трампкер

Американскиот претседател слави победа: Претставничкиот дом изгласа промена на американскиот здравствен систем, т.н. Обамакер. Законот мора да помине и во Сенатот, кој би можел да биде поголема пречка.

Одлуката помина тесно и во Претставничкиот дом: за укинувањето на Обамакер имаше 217, а против - 213 гласови. Покрај сите демократи, сѐ уште има отпор и кај републиканците -20 нивни пратеници гласаа против законскиот предлог.Во март пропадна првиот обид за здравствена реформа, зашто многумина републиканци го отфрлија моделот кој би требало да го наследи проектот на Обама, Обамакер. Кратко пред планираното гласање, предлогот беше повлечен, што претставуваше горчлив пораз за американскиот претседател Доналд Трамп. Дотолку поголем е неговиот сегашен триумф, што беше очигледно при неговиот настап пред Белата куќа. „Обамакер во принцип е мртов“, прогласи тој во негов стил. 

Но, со сигурност може да се каже дека нема да оди сѐ толку подмачкано, како што тој претставува. Зашто, законот треба да помине и во Сенатот, а во неговата сегашна форма тоа се смета за малку веројатно. Сенатот веќе изнесе прилично критичка оценка на новиот закон, а балансот на моќ таму е многу потесен откако во Претставничкиот дом. Значи, ќе се бара доградување на законот, кој нема да биде разгледуван пред јуни.

USA New York Protest gegen der Abschaffung von Obamacare (Picture-Alliance/AP Photo/C. Ruttle)

Протест во Њујорк против укинувањето на Обамакер

Републиканците на Трамп веќе седум години се борат за укинување на здравствената реформа, во основа отфрлајќи го Обамакер како премногу силна државна интервенција во здравството и прескап систем. Преку најавените преправки, демократите стравуваат дека ќе дојде до длабоки резови, што посебно ќе го почувствуваат сиромашните и луѓето со претходни заболувања. Иако републиканскиот претставник Кевин Меккарти тврди дека овие категории граѓани ќе останат и натаму осигурани, постои силен сомнеж во тоа. 

Новата верзија предвидува повисоки стапки за осигурување на потешко болни лица. За граѓаните со претходни заболувања ќе бидат ставени на располагање околу 8 милијарди долари како финансиска помош.

По гласањето во Претставничкиот дом, Трамп првпат од стапувањето на функцијата отпатува во родниот град Њујорк, каде беше пречекан со демонстрации од неколку стотици луѓе, кои стравуваат од губење на своето здравствено осигурување. Преку Обамакер здравствено осигурување добија околу 20 милиони претходно неосигурани луѓе. 

 

DW.COM

Реклама