Прашалник: Марина Паул
14 април 2010Име: Марина Паул
Возраст: 29 години
Место на раѓање: Саратов, Русија
Семејна состојба: во сериозна врска
Деца: нема
Професија: продавачка
Образование: студии за туризам во Русија
Како започнува мојот ден? Ритуал. Морам во мир да испијам чаша чај.
Типично германски, според мене е... точност, организација и убави високи мажи.
Типично за мене е... папучи со бели чорапи.
Јака страна ми е... тоа што сум силна и упорна.
Слаба страна ми е... колачи.
Во слободно време најмногу сакам... читање, патување, возење брод, дружење со пријателите, посета на семејството, свирење клавир и учење јазици.
Мое омилено јадење... Земјоделецот не го јаде она што му е непознато.
Ќе ни‘ го откриете рецептот? Не. Рецептите на мајка ми се тајна и така треба да остане.
Каква музика слушам? Латино, Марк Медлок.
Би сакала да имам повеќе време за... моето семејство, мојот пријател, за читање и патување.
Кога мислам на иднината, тогаш замислувам... среќно семејство со мојот пријател и сакам моите родители да дојдат во Германија.
Моето животно мото е ... За секој проблем постои решение.
Автор: Женевјев Баер
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска