Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си реплицираат во парламентот, Груевски во Истанбул | Македонија | DW | 27.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си реплицираат во парламентот, Груевски во Истанбул

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со реплики и контра-реплики денеска одлучија да ја блокираат собраниската седница на која треба да се избере нов претседател. Нивниот лидер Никола Груевски „виден“ во Истанбул

Снимка од поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од аеродромот во Истанбул од претпладнево кружи низ медиумите и социјалните мрежи во Македонија. Снимката на која се гледа како Груевски се симнува од авион на „Туркиш Ерлајнс“ ја објави Фејсбук профилот на емисијата „360 степени“ на телевизијата Алсат-М. Од неговата партија велат дека Груевски е на пат кон Малта каде треба да присуствува на Конгресот на Европската народна партија- групата конзервативни европски партии кон која припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ. Конгресот на ЕПП на Малта ќе се одржи на 29 и 30 март.

Во истовреме, во Собранието денеска започна седницата на која треба да се утврди изборот на нови членови на Комисијата за избори и именувања, како и да се избере нов собраниски спикер.

Mazedonien Nikola Gruevski VMRO-DPMNE (picture-alliance/dpa/G. Licovski)

Груевски, преку Истанбул, наводно заминал на Малта на конгресот на ЕПП

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и партиите од нивната коалиција веќе неколку часа со реплики и контрареплики го оневозможуваат нормалниот тек на заседанието. Во нивните говори воглавно се критикува, како што велат, „Тиранската платформа“ и СДСМ.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара новиот претседател на Собранието да биде од редовите на неговата партија, затоа што на тој начин ќе се „изрази волјата на граѓаните“.
Претседавачот со собраниската седница Трајко Вељановски им дозволи на пратеници да си реплицираат меѓусебно иако таквата пракса не е дозволена со Деловникот. Објаснувањето на Вељановски е дека пратеничките групи сѐ уште не се формирани, па пратениците од иста пратеничка група можат да ја користат таа можност.

 

 

DW.COM

Реклама