Правда за Џорџ Флојд: Америка слави, Америка плаче | Свет | DW | 21.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Правда за Џорџ Флојд: Америка слави, Америка плаче

Во судскиот процес за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, поротата донесе одлука според која екс-полицаецот Дерек Шовин е виновен во сите точки на обвинението. Висината на казната уште не е позната.

Речиси една година по убиството на Џорџ Флојд, поротата го прогласи за виновен поранешниот полицаец Дерек Шовин во сите три три точки од обвинението, од кои најголема тежина има обвинението за убиство од втор степен без предумисла. Ова го соопшти судијата Питер Кехил од судот во Минеаполис, во сојузната држава Минесота. На Шовин му се заканува долгогодишна затворска казна, чие траење ќе биде подоцна одредено, а тој има право и на жалба.

Повеќе:

Џорџ Флојд починал од недостаток на кислород

Социјална нееднаквост во САД: Афроамериканците и натаму посиромашни, поболни, понеобразовани

Осум минути и 46 секунди

46-годишниот Џорџ Флојд на 25 мај лани почина при неговото апсење за употреба на фалсификувана банкнота од 20 долари. Видео снимки документираат како полицајците го притискаа на земја невооружениот човек. Шовин со своето колено речиси девет минути го притискаше вратот на Флојд, додека тој молеше за воздух.

Шовин пред судот пледираше на невиност. Поротата, од безбедносни причини, остана анономна.

Гледај видео 01:27

Џорџ Флојд: Илјадници ширум светот се солидаризираат со револтот во САД

Судбината на Флојд во САД, среде пандемијата на коронавирус, предизвика бран демонстрации против расизмот и полициското насилство и прерасна во најголемото протестно движење во последните децении. Очекувањата од судската постапка беа огромни – многу луѓе очекуваа таа да даде знак против расизмот и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата. Дури и самиот американски претседател Џо Бајден вчера изјави дека се моли за донесување вистинска пресуда.

Во случај на ослободителна пресуда или пократка затворска казна, се очекуваа нови протести. Непосредно пред изрекувањето на одлуката, пред енормно обезбедуваната судска зграда во центарот на Минеаполис беа насобрани стотици активисти на движењето „И црните животи се важни“ („Black Lives Matter").

По соопштувањето на одлуката на поротата, пред судот одекнаа извици на ликување и скандирање на името на Џорџ Флојд.

USA I Prozess um den Tod von George Floyd steht vor dem Abschluss

Ликување по соопштувањето на пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Претседателот Џо Бајден по изрекувањето на пресудата повика на натамошна борба против расизам и полициско насилство: „Структуралниот расизам е срамна дамка врз душата на нашата нација“, изјави Бајден во Белата куќа. Обраќајќи се на најблиските на Флојд, Бајден истакна: Ништо и никогаш нема да ви го врати братот, таткото. Но ова може да значи голем чекор нанапред во патот за праведност во Америка.“