По цунамито - очај, траума...страв | Свет | DW | 27.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

По цунамито - очај, траума...страв

Цунамито во Индонезија однесе преку 400 човечки животи, без покрив над главата остави повеќе од 16 илјади луѓе, отсече цели места од остатокот на светот, а повредените ги остави без потребната помош.

Не е лесно, да се вратиш дома и да најдеш - урнатини од некогашниот живот. Али Субнанех од гратчето Масџид Телука на островот Јава преживеа. И тоа ја прави една од ретките среќници на брегот кој го однесе цунамито.

„Ја слушнав ерупцијата на вулканот Кракатау и почувствував како се тресе земјата. Но отидов да спијам бидејќи вулканот е активен со денови“ раскажува Али и продолжува: „Но тогаш ме разбудија повиците на соседот: „Доаѓа цунами!.Зграбив сѐ што можев, и со мајка ми и децата и почнавме да трчаме“.

Гледај видео 01:55

Како Али Субнанех го преживеала цунамито?

Повеќе:

-

-Зошто не функционираше системот за рано предупредување од цунами?

-Фотографија на денот: Хорор без предупредување

Бројот на загинати расте додека спасителите се пробиваат низ урнатините. Преку 1500 луѓе се повредени во налетот на огромниот бран кој уриваше сѐ пред себе. Болниците во погодените места се преоптоварени. Преживеаните ги раскажуваат своите хорор искуства:

„Немав време да избегам порано, така што кога бранот дојде, ме проголта околу две минути. Продолжив да му се молам на Бога да ми помогне. Се држев за некој кабел кој го зграпчив за да не ме однесе бранот, додека конечно не најдов една кокосова палма и цврсто се фатив за неа“, раскажува еден преживеан.

Покрај физичките повреди, тука се и психичката траума... и стравот од ново цунами. Вулканолозите велат дека ерупциите на Анак Кракатау веројатно ќе продолжат со месеци, ако не и со години.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама