1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
USA New York | Alec Baldwin
Фотографија: Van Tine Dennis/abaca/picture alliance
Филм

Историја на фатални инциденти при снимање филмови

БГ /АФП
22 октомври 2021

Трагичниот инцидент во кој актерот Алек Болдвин смртоносно застрела камерманка и го рани режисерот за време на снимање филм, не е првиот ваков случај во филмската индустрија.

https://p.dw.com/p/424Gs

Филмската индустрија има долга историја на инциденти за време на снимања, од пиштоли плашливци до сообраќајки и трки со кочии со трагичен крај.

Инцидентите со огнено оружје датираат уште од почетоците на киното во 1915 година кога статистот Чарлс Чендлер бил застрелан во глава за време на снимањето на филмот „Заробеник“ на Сесил Б. Демил. Тој загина откако војници  пукале во врата со жива муниција за да и дадат поголема доза на реализам на сцената. 

Актерот Вик Мороу беше обезглавен и две деца статисти родени во Виетнам загинаа во 1982 година откако врз нив се урна хеликоптер кој беше погоден со пиротехника за време на снимање на научно-фантастичен хорор филм во близина на Лос Анѓелес. 
Режисерот Џон Лендис подоцна беше ослободен од обвинението за убиство на 53-годишниот актер и двете деца на возраст од 6 и 7 години, во првиот таков случај во историјата на Холивуд. 

„Проклетството на Бетмен“ 

Во 1984 година, 26-годишниот актер Џон-Ерик Хексум почина откако се застрела во глава со пиштол наполнет со ќорфишеци за време на снимање на телевизиска серија.

Актерот Брендон Ли, синот на легендата на боречките вештини Брус Ли, беше застрелан и убиен за време на снимањето на филмот „Гавран“ во 1993 година. Случајот беше обвиен со конспиративни теории дека зад убиството стоеле гангстери од Хонг Конг. Истрагата утврди дека актерот бил убиен од невнимание. Друг актер истрелал кон Ли со пиштол кој требало да содржи ќорфишеци, но меѓу нив имало и вистински куршум. 

Filmstill | Die Kraehe -
Брендон Ли за време на снимањето на „Гавранот“Фотографија: United Archives/IFTN/picture alliance

Во 2003, актерката Ума Турман заработи тешки скршеници на двете колена откако настрада во сообраќајка за време на снимањето на филмот „Кил Бил“.

Во 2007 година почнаа да кружат озборувања за „Проклетството на Бетмен“ откако каскадерот Конвеј Виклиф загина при тестирањето на „Бетмобилот“, а подоцна и Хит Леџер почина од предозирање со дрога. На истиот сет, Морган Фриман преживеа тешки телесни повреди во сообраќајка, а и самиот Бетмен- Кристијан Бејл беше обвинет дека ги нападнал својата мајка и сестра пред премиерата на филмот. 

Во 2008 сценограф загина за време на снимањето на научно-фантастичен филм со Семјуел Л. Џексон откако врз него падна мешавина од замрзнат песок, земја и мраз во Торонто.

Добитникот на Еми наградата за музика Џејмс Емсвилер загина откако падна од балкон на вториот кат во 2018 за време на снимањето на филмот за американската ТВ икона Фред Роџерс. Том Хенкс подоцна беше номиниран за Оскар за улогата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Уставен суд

Повисоки плати за функционерите - луксуз во време на криза

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница