1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Филм

По смртоносниот истрел на Болдвин: Многу отворени прашања

Анамарија Зигрист
23 октомври 2021

Полицијата истражува како актерот Алек Болдвин можел со оружје-реквизит да испали смртоносен истрел.

https://p.dw.com/p/425ay
Santa Fe Alec Baldwin nach Polizei Befragung Schußwaffen Unfall Film Set
Актерот Алек Болдвин по трагедијатаФотографија: Jim Weber/Santa Fe New Mexican via AP/picture alliance

Во врска со точните околности во кои што се случил инцидентот на локацијата на снимањето на филмот „Rust“, во американската сојузна држава Ново Мексико, сѐ уште има многу отворени прашања, соопшти полицијата вчеравечер. Иследниците сѐ уште вршат истрага на терен.

Весникот „Њујорк Тајмс“ цитираше дел од полициски извештај, во кој стои дека асистент на режија му дал на актерот Алек Болдвин оружје-реквизит. Но, кога актерот пукнал од него,дошло до трагедија - 42-годишната камерманка Халина Хачинс е смртно погодена, режисерот Џоел Соуза добил повреди на рамото, по што е пренесен во болница. Во меѓувреме, според информации на американските медиуми, тој излегол од болница.

Halyna Hutchins  Kamerafrau Filmmaker
Халина Хачинс важеше за особено талентиранаФотографија: Fred Hayes/Getty Images for SAGindie

„Нема зборови кои може да го опишат шокот и тагата поради трагичната несреќа која ѝ го одзеде животот на Халина Хачинс, сопруга, мајка и наша многу ценета колешка“, напиша Болдвин вчера на Твитер. Тој додава дека целосно соработува со полициската истрага „за да се открие како можеше да се случи оваа трагедија“. Актерот исто така додава дека е во контакт со сопругот на Хачинс, за да му пружи поддршка нему и на семејството. „Срцето ми е скршено поради нејзиниот сопруг, синот и сите кои ја знаеја и ја сакаа Халина“, нашиша Болдвин.

Актерот веќе даде исказ во полиција. „Тој даде изјава и одговори на прашањата. Дојде доброволно и ја напушти зградата откако заврши испрашувањето. Не е подигнато обвинение и нема уапсени“, објасни портпаролот на шерифот на Санта Фе, Хуан Риос, за агенцијата АФП.

Весникот „Санта Фе Њу Мексикан“ објави фотографии од Болдвин на кои тој делува како да е во целосен шок на паркиралиштето пред канцеларијата на шерифот. Весникот пишува дека неговите репортери го виделе актерот во солзи.

Повеќе: По трагичниот инцидент со Алек Болдвин: Историја на фатални инциденти во Холивуд

Снимањето на филмот е привремено запрено. Болдвин е продуцент на нискобуџетниот вестерн филм „Rust“, чие снимање започна на почетокот од октомври на ранчот Бонанца Крик.

Според весникот „Лос Анџелес Тајмс“, лица кои работеле на филмскиот сет се жалеле поради недоволни безбедносни контроли и лоши услови за работа, како долго работно време. Весникот, повикувајќи се на неименувани извори, пишува дека повеќе соработници од тимот за снимање неколку часа пред инцидентот го напуштиле снимањето во знак на протест поради лошите услови за рбаота. Се вели и дека не се почитувале стриктно вообичаените холивудски безбедносни протоколи.