По распуштањето на ФАРК: кој го презема бизнисот со кокаин? | Свет | DW | 16.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По распуштањето на ФАРК: кој го презема бизнисот со кокаин?

Со децении колумбиските бунтовници се финансираа од трговијата со кокаин вредна милијарди долари. Откако герилците потпишаа мировен договор, неколку групи се борат за преземање на вносниот бизнис

„Колумбија е полна со кока“, сигурен е писателот Густаво Данкан. „Препоставувам дека годинешната берба на кока ќе биде најголема на сите времиња“. Данкан предава политички науки на приватниот универзитет во Меделин. Ликот на Пабло Ескобар гледа од една од книгите на полиците во неговата библиотека. Данкан е веројатно во право за бербата. Според ОН, регионот на кој се култивира кока во Колумбија се удвоил меѓу 2013 и 2015 година. Една од причините е што додека траеја мировните преговори со ФАРК, владата престана да ги прска полињата со кока со отрови.

„ФАРК е нешто како влада на плантажите на кока“, вели Данкан. Се проценува дека околу 70 проценти од областа каде се култивира кока е под контрола на ФАРК. „Една ера во трговијата со дрога доаѓа до својот крај по договорот меѓу владата и герилците“, вели политичкиот аналитичар.

Крај на ерата на големите картели

Kolumbien Gustavo Duncan, Buchautor und Politikwissenschaftler

Густаво Данкан

Тешко е да се процени кој ќе продолжи по стапките на најстарото герилско движење на Јужна Америка, но не недостасуваат опции. Откако во средината на 1990-те беа разбиени картелите во Меделин и Кали, трговијата вредна милијарди долари ја поделија повеќе мали играчи. Оттогаш, парамилитарци, герилци и организираниот криминал добиваат дел од колачот.
Постојат несогласувања околу точната вмешаност на герилците во трговијата со кокаин. Според поранешниот колумбиски претседател, Алваро Урибе, ФАРК е „најголемиот картел за дрога во светот“. Досега, единствено беше потврдено дека герилците ја финансирале војната делумно преку собирање даноци од одгледувачите на кокаин. Дали самите биле вмешани во производството и трговијата со кокаин ќе се разјасни дури откако сите ќе дадат изјави согласно мировниот договор.

Infografik Anbau von Kokapflanzen in Kolumbien englisch

Површина (во хектари) на која се одгледува кока во Колумбија, по години.

Култивацијата продолжува

Магазинот „Економист“ проценува дека до 2012 година ФАРК складирал богатство од околу 10,5 милијарди долари- иако притоа била финансирана и армија од 18 илјади луѓе. Клучното прашање за колумбиските безбедносни органи сега е: кој ќе го пополни празниот простор? Засега не може да се утврди влијанието на различни вооружени групи кои се активни во повеќе региони.
Во седиштето на УНОДЦ (Биро на ОН за борба против дрога и криминал) во Богота, се анализираат сателитски снимки, карти и се бараат алтернативи за одгледувањето кокаин. Бирото тесно соработува со колумбиските безбедносни сили. Сигурни се дека во текот на мировниот процес, криминалци ќе се обидат да ја преземат контролата врз полињата со кока. „Можно е во текот на мировниот процес да дојде до зголемување на бројот убиства во некои региони“, вели шефот на УНОДЦ, Бо Матијасен.

UN Büro Kolumbien - Bo Mathiasen

Бо Матијасен

Минатата година колумбиската армија започна офанзива против ткн. Урабено картел, познат и под името Клан Усуга. Пред неколку дена беа уапсени уште 22 членови на групата. Иако базата му е на северозападот на земјата на границата со Панама, апсењето на членови на кланот во Аргентина и во Шпанија, сугерира дека се работи за меѓународна мрежа.

Кокаинот поефтинува

За разлика од „наркосите“ на Пабло Ескобар во меделинскиот картел, новите „наркоси“ се поскромни. „Нивниот бизнис модел е да бидат дискретни и што е можно потивки“, вели Матијасен. Нивната структура не е повеќе хиерархиски организирана, туку полабава. „Станува многу тешко да се уловат“, додава тој.
Покрај организираниот криминал, опасноста доаѓа и од втората по големина герилска групација во Колумбија- ЕЛН. Тие се во преговори со владата за мирно разоружување, но преговорите би можеле да траат уште долго. 

Kolumbien Alltag im Lager der FARC

Борците на ФАРК треба да го предадат оружјето до почетокот на летото


УНОДЦ ги поддржува фармерите во наоѓањето алтернатива за одгледувањето кока. „Но ние можеме да работиме само кога областа е целосно безбедна“, вели Матијасен. „Најголемиот предизвик сега е да се врати безбедноста“.
Но, и кога тоа ќе се случи, ќе биде потребно долго време за да се успее во намерата. Првично, Европа и САД треба да очекуваат наплив од кокаин поради огромните површини на кои тој се одгледува. „Цената веќе паѓа“, вели Густаво Данкан. Безбедносните служби во Европа во неколку наврати веќе запленија огромни количества од дрогата. А Бо Матијасен не очекува дека бизнисот вреден милијарди долари наскоро ќе колабира: „Организираниот криминал е секогаш еден чекор пред нас“, вели тој.

 

Реклама