По обидот за пуч: Потерница за фудбалската легенда Хакан Шуќур | Свет | DW | 12.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По обидот за пуч: Потерница за фудбалската легенда Хакан Шуќур

Поранешниот турски репрезентативец е под обвиниение дека е приврзеник на Фетула Ѓулен и член на „вооружена терористичка група“. Истотака потерница е издадена и за таткото на Хакан Шуќур.

Турција издаде потерница по поранешната фудбалска ѕвезда Хакан Шуќур во рамките на истрагата по неуспешниот обид за воен преврат од средината на јули. Шуќур не бил пронајден ниту во неговaта куќа во Истанбул ниту во неговото второ живеалиште во Сакарја, јави новинската агенција Доган. Тој имено уште во минатат година со семејството успеа да ја напушти татковината и во моментов престојува во Калифорнија.

Турските власти го доведуваат Хакан Шуќур во врска со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој се наоѓа во егзил во САД, а Турција го бара бидејќи го смета за главен инспиратор на неуспешниот пуч од ноќта од 15-ти кон 16-ти јули, во кој загинаа најмалку 260 цивили.

Сега 44-годишнито Шуќур е поранешна фудбалска ѕвезда и икона во својата татковина е обвинет дека е „припадник на вооружена терористичка група“, како што турските власти го именуваат движењето на следбениците на Ѓулен.

Турските медиуми притоа додаваат дека потерница е издадена и по таткото на фудбалерот, Селмет Шуќур.

Отворени симпатии за Ѓулен

Поранешниот фудбалер не ги криеше симпатиите кон Ѓулен, а ја напушти Турција и замина да живее во Калифорнија, бидејќи против него беше отворена кривична постапка поради навреда кон турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој по неуспешниот пуч ги повлече сите такви постапки.

Хакан Шуќур во политиката влеза со Ердоган и во 2011 година стана пратеник од владејачката Партија на правдата и развојот (AKP). Несогласувањата меѓу двајцата дојдоа откако Ердоган ја започна војната против Ѓулен, негов поранешен политички сојузник, обвинувајќи дека во државните структури прави „паралелна држава“.

Во 2013 година Шуќур поднесе оставка по големата истрага за корупција за високи личности во владата, која тоа го сметаше за заговор на следбениците на Ѓулен во правосудството.

Хакан Шуќур потекнува од фудбалската школа на истанбулски Галатасарај, а настапуваше и за италијанските прволигаши Интер и Парам, како и за англиски Блекбурн Роверс.

Неговиот гол по само 11 секунди игра на против Јужна Кореја на мундијалот во 2002 година е најбрзо постигнатиот гол во историјата на Светските фудбалски првенства.

DW.COM

Реклама