По нападот во Њујорк, Трамп сака да ја укине иселеничката лотарија | Свет | DW | 01.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По нападот во Њујорк, Трамп сака да ја укине иселеничката лотарија

Атентаторот од Њујорк, кој со пикап усмрти осум луѓе, се радикализирал во САД, тврди њујоршкиот гувернер Куомо. Претседателот Трамп, како реакција на нападот, се закани со укинување на иселеничката лотарија во земјата.

Напаѓачот од Њујорк, според изјавата на њујоршкиот гувернер Ендрју Куомо, се радикализирал по пристигнувањето во САД.

„Откако стигнал во САД, тој започнал да се интересира за Исламска држава и за радикално-исламистички тактики“, изјави Куомо денеска за ТВ СиЕнЕн. Пораката, која беше пронајдена во близина на изнајмениот камионет, содржела поврзници со терористичката милиција ИД, изјави Куомо, нарекувајќи го напаѓачот „расипан кукавица“.

Гледај видео 01:13

Терор во срцето на Њујорк

Во терористичкиот напад со пикап-возило вчера (31.10.2017) беа убиени осум лица, а единаесет се ранети

Напаѓачот со камионет влета на велосипедска патека и удри во велосипедисти и пешаци. Инцидентот се случи на Менхетн, неколку блокови од споменикот посветен на жртвите од нападот на Светскиот трговски центар. Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио овој акт го оцени како „кукавички и терористички" напад врз недолжни цивили. Градските власти сметаат дека напаѓачот бил сам и оти нема индиции дека имал помошници. Нападот е извршен со изнајмено пикап возило Возачот продолжил да се движи по велосипедската патека и на тротоарот сѐ додека не удрил во друго возило.

Напаѓачот излегол од камионетот наводно држејќи пиштол, и полицијата пукала во него и го ранила во стомакот. Тој е уапсен и однесен да му се укаже медицинска помош. Како што наведува весникот „Њујорк тајмс"напаѓачот во моментот на нападот мафтал со два лажни пиштола.

Властите соопштија дека осомничениот за нападот е идентификуван како Сејфуло Саипов, 29-годишен по потекло од Узбекистан, дојден легално во САД во 2010 година и е такси возач во Убер.

Меѓу осумте жртви во нападите во Њујорк се 6 странци, 5 аргентински туристи и една Белгијка. Меѓу повредените има и еден Германец, соопшти германското министерство за надворешни работи.

Реагирајќи на нападот, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со укинување на лотаријата за доделување „зелена карта“. Преку неа годишно до 50.000 странци од цел свет добиваат трајна виза и дозвола за работа во САД.

„Терористот кај нас стигнал преку т.н. лотариска програма. Мораме да го стопираме ова лудило“, напиша Трамп на Твитер, обвинувајќи ги демократите за погрешна визна политика. Наместо иселеничка лотарија, тој заговара систем кој би се базирал врз стручните способности на потенцијалните доселеници. Иселеничката лотарија беше воведена во 1990 година од демократскиот сенатор Чак Шумер. Кандидатите за добивање на „зелената карта“ поминуваат низ строги проверки, меѓу останатото и за евентуално криминално минато.

 

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама