По крвавиот понеделник во Појасот Газа, за денеска закажани нови протести | Свет | DW | 15.05.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

По крвавиот понеделник во Појасот Газа, за денеска закажани нови протести

По насилството на границата на Појасот Газа и Израел, денеска на палестинските територии и во Источен Ерусалим има генерален штрајк . Почнаа трите дена жалост.

Сите продавници на палестинските територии и во Источен Ерусалим денеска се затворени, а така е и со училиштата, универзитетите и владините институции.

Знамињата пред кабинетот на претседателот Махмуд Абас во Рамала се на половина копје. Во Појасот Газа денеска треба да бидат закопани десетици загинати во вчерашните насилства на границата со Израел.

Сите политички фракции за денеска напладне повикаа на нови протести кај израелските армиски контролни пунктови во Западниот брег. Се стравува од нови конфронтации со израелските војници.

На „Накба“, односно Денот на катстрофата, Палестинците традиционално се сеќаваат на бегството и протерувањето на стотици илјади луѓе поради основањето на државата Израел пред 70 години. Тоа е ден кога и во минатото доаѓаше до насилство.

Во вчерашните крвави судири во Појасот Газа загинаа 59 Палестинци, а повредени се 2771, од кои половината има прострелни рани. Меѓу загинатите е и едно осуммесечно бебе, кое се задушило од солзавец. Протестите во Појасот Газа беа насочени против преместувањето на американската амбасада во Ерусалим, како и против десетгодишната блокада на Појасот Газа од страна на Израел и Египет.

Израел го обвинува Хамас, кој владее во Појасот Газа, дека цинично злоупотребува цивили како штит во конфликтот. Многу земји ги осудија постапките на Израел. Палестинските автономни власти побараа итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Гледај видео 01:31

Крвави протести во Појасот Газа

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама