По инцидентот со профилот на Трамп, Твитер презема заштитни мерки | Панорама | DW | 04.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

По инцидентот со профилот на Трамп, Твитер презема заштитни мерки

Твитер соопшти дека презел заштитни мерки откако еден од вработените неколку минути го исклучи профилот на претседателот Доналд Трамп, кој е многу активен на оваа социјална мрежа.

Овие превентивни мерки се воведени за повеќе да не се случи такво нешто. „Нема да ги соопштиме деталите од овие мерки, ниту од нашите внатрешни истраги за инцидентот, но тоа сериозно го земавме предвид“, наведе Твитер.

Приватниот профил на американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот беше недостапен 11 минути.

Твитер прво наведе дека профилот е ненамерно деактивиран и оти во прашање е човечка грешка, а подоцна соопшти дека еден службеник намерно го сторил тоа од непознати причини,  на неговиот последен ден на работното место.

Трамп не реагираше веднаш, но по 12 часа од деактивирањето на профилот, кој тој интензивно го користи,  наведе оти тоа го сторил „нечесен работник“.

Случајот предизвика реакции на социјалните мрежи, некои корисници тој службеник го нарекоа „херој“, додека некои беа загрижени.

Приватниот профил на Трамп на Твитер @realdonaldtrump го следат 41,7 милиони луѓе. Тој има и официјален претседателски профил @Potus со 20,9 милиони следбеници, но американскиот претседател поретко го користи овој профил.

     

 

DW.COM

Реклама