По видеото со убиство во живо, Фејсбук ветува подобрување | Свет | DW | 18.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По видеото со убиство во живо, Фејсбук ветува подобрување

Видеото со убиство на американски пензионер постирано на Фејсбук го шокираше светот. Сега Фејсбук најавува дека ќе работи на можност за побрзо пријавување на неморални и неприфатливи содржини.

Фејсбук има намера да го подобри постапувањето со насилнички видеа. За корисниците би морало да биде поедноставно пријавувањето на неморални и неприфатливи содржини, соопшти најголемата социјална мрежа во светот. Побрзо би морало да оди и проверувањето на ваквите содржини. Објавата на Фејсбук следува по видеото на кое беше прикажано убиство на 74-годишен старец во Кливленд, кое во неделата цели два часа беше онлајн и можеше да се види преку апликацијата на Фејсбук. Според полицијата, извршителот на убиството најверојатно самиот го постирал видеото. Потерата по него е во тек. Инцидентот отвори дискусија околу тоа како Фејсбук постапува со огромните количества содржини од цел свет.

Фејсбук објави детален опис на настаните од неделата. Според овој опис, осомничениот убиец постирал три видеа. На првото тој најавува дека ќе изврши убиство. Според фејсбук, тоа не било пријавено од никого. Две минути подоцна осомничениот постирал видео на кое се гледа убиството. За тоа стигнала пријава од корисници на Фејсбук, но дури по два часа. Третото видео, на кое има признание на убиството, е постирано во живо 11 минути по видеото со убиството. „Профилот го избришавме 23 минути по првата пријава за видеото со убиството и два часа по постирањето на првото видео. Знаеме дека мора да се подобриме“, соопшти Фејсбук.

Гледај видео 00:38

Убиство во живо

Социјалната мрежа денеска во Сан Хозе, Калифорнија, ја почнува годишната конференција на програмери. На дводневната конференција традиционално се претставуваат нови услуги и се разговара за нови стратегии. Оваа година во фокусот е Месинџер, кој има 1,2 милијарди корисници во светот. Фејсбук има вкупно 1,9 милијарди активни членови.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама