Почнуваат Божиќните панаѓури, трговците тријат раце | Економија | DW | 19.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Почнуваат Божиќните панаѓури, трговците тријат раце

Во Германија почнува сезоната на Божиќни панаѓури. Ги има речиси во секој град. Трговците тријат раце.

Тезгите на кои се продаваат колбаси, варено вино, пржени бадеми и рачно изработена облека, украси или кршачи на ореви се отвораат викендов. До крајот на декември на околу 2.500 Божиќни панаѓури во Германија се очекуваат милиони посетители. Нивниот број станува поголем од година во година. „Божиќните панаѓури стануваат сѐ повеќе туристичка цел и се застапени во рекламирањето на градовите“, велат сопствениците на штандови на панаѓурите, кои прават обрт од милиони евра.

Гледај видео 00:54

Германски божиќни панаѓури: Bye, bye, UK?

Особено се исплати бизнисот со варено вино. Институтот на германската економија (ИВ) соопшти дека има пристигнато најмногу барања за поставување тезги за вино, но дозвола за штанд од градовите добива само секој петти до секој десетти продавач на варено вино. Намерата е да се остави доволно простор и за уметност и прозводите од рачна изработка типични за Божиќните панаѓури. Според проценките на ИВ, еден просечен посетител троши околу 12 евра на штандовите и околу 20 евра во продавниците околу Божиќниот пазар.

Со оглед на намалениот број на невработени во земјата и зголемените приходи, трговците се надеваат на добар профит годинава. Годинашниот божиќен бизнис, според очекувањата, треба да донесе обрт од 90 милијарди евра.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама