Почна сезоната на опасно живеење - каков воздух ќе дишеме зимава? | Северна Македонија | DW | 26.10.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Почна сезоната на опасно живеење - каков воздух ќе дишеме зимава?

Нивото на загаденост во одредени градови навестува дека граѓаните и оваа зима ќе се борат за чист воздух. 

Квалитетот на воздухот во Кавадарци и во Свети Николе е опасен - предупреди изутринава апликацијата Мој Воздух, која веќе неколку години наназад ја мери загаденоста во скопските општини и во градовите ширум Северна Македонија. Ако во Кавадарци изутринава во 9 часот загаденоста била 101 ЕУ AQI, во Свети Николе алармот се вкучил на измерени 184 единици. Инаку, Аir Quality Index, е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за AQI од 0 до 100. Колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот според барем еден од сензорите на станицата. 

На почетокот на зимската сезона граѓаните повторно се соочуваат со старите проблеми со загадувањето. Иако во главниот град се уште преовладува зелената боја на картата, којашто укажува дека воздухот не е опасно загаден, сепак протокаловите и црвените предупредувања во одредени градови навестуваат дека граѓаните и оваа зима ќе се борат за чист воздух.  

Кои градови се обоија во црвено? 

Воздухот е многу загаден и во Велес (85 AQI), Тетово (73), како и во Куманово (77), градови кои од изутринава се обоија во црвено предупредување. За нијанса „посветла“ е ситуацијата во Ѓорче Петров, Карпош 3, населбата 11 Октомври и Ново Лисиче, каде воздухот е загаден, но брјките покажуваат под 50 единици. Портокаловото предупредување за загадување е вклучено и за Битола, Гевгелија, Кочани, Прилеп, Штип и Струмица. Според мерните станици на Министерство за животна средина и просторно планирање, во Велес и Кавадарци има високо ниво на ПМ10 честички, додека се уште нема градови во коишто е вклучен црвениот аларм за многу високо ниво на загадување. 

Deutschland I Kohlestrom I Großkraftwerk Mannheim

Воздухот е многу загаден и во Велес (85 AQI), Тетово (73), како и во Куманово (77), градови кои од изутринава се обоија во црвено предупредување.

Неодамнешниот извештај од CEE Bankwatch Network и Centre for Research on Energy and Clean Air (CREA), подготвен во соработка со Еко-свест, посочи дека термоцентралите на јаглен во Западен Балкан ги кршат законите за загадување на воздухот и предизвикуваат смртни случаи. Од 2018 до 2020 година имало скоро 19.000 смртни случаи како последица на вкупните емисии од електраните на јаглен во Западен Балкан. Загадувањето од електраните на јаглен и покрај сите укажувања, останува  екстремно високо во регионот. Последиците се чувствуваат и во Северна Македонија - двата оџаци на битолската електрана, Битола Б1+Б2 (60.422 тони) и Битола Б3 (24.091 тони), остануваат најголем извор на сулфур диоксид во земјата. Ова се количини што се деветпати над она што е дозволено да емитува електраната и се повисоки од вкупните емисии на сулфур диоксид од сите електрани во Германија. 

Просечниот македонски граѓанин губи по 0,6 животни години поради загадувањето на воздухот со ПМ честички во земјата. Берово е единствената општина во Македонија каде што се смета дека нема да ви се скрати животот поради неквалитетниот воздух, додека живеењето во неколку скопски општини може да ви го скрати и за цела година. Податоците кои ги објави годинава организацијата Животен индекс на квалитет на воздухот (AQLI) покажуваат дека без почитување на препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за загадувањето на воздухот, секој човек во светот ќе губи просечно по 2,2 години од животот. 

Долгорочни мерки

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, на почетокот на зимската сезона, смета дека  загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Според него, бројките покажуваат дека последните четири години, нивото на ПМ10 честички е во постојан пад, а на годишно ниво количеството на овие честички дојдоа речиси до граничната вредност од 40 μg/m3. Ако во 2016 имало 71,91 ПМ10 μg/m3, во 2020 беа 47,70 ПМ10 μg/m3. 

Petre Shilegov

Петре Шилегов

Иако се верува дека метеоролошките прилики се тие кои значително влијаат на квалитетот на воздухот, на годишно ниво, брзината на ветерот и температурата биле со речиси константни вредности, а количеството на врнежи не е пропорционално со падот на загадувањето. 

„Сепак, мора да бидеме свесни дека проблемот за загадувањето во Скопје не е може целосно да се реши со краткорочни, ниту среднорочни активности. Но, преземањето на комплементарни мерки кои ќе ги третираат најголемите загадувачи е пристапот за кои сме сведоци дека доведува до позитивни резултати и пад на загадувањето“, вели Шилегов.  

Затоплувањето на домаќинствата, сообраќајот, прашината создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности и индустријата се сметаат за главните причинители за загадениот воздух. Шилегов вели дека изминативе години биле преземени низа мерки за да се реши овој сериозен проблем во главниот град - со субвенции за купување инвертери,  нови автобуси на гас, користење на новиот инсенератор за третирање на медицинскиот отпад во Дрисла, засилени инспекциски контроли, подигање на нови зелени површини, кампања за пријавување на огнови на отворено преку телефонот 193, расчистување на дивите депонии, расчистување на стрништата,  субвенции за велосипеди, електрични тротинети, за чистење на оџаци. Но, дали сите овие мерки го подобрија квалитетот на воздухот?

ЕК со забелешки

Европската комисија, во последниот извештај, во однос на животната средина забележува дека административниот капацитет на сите нивоа останува слаб, со недоволно финансиски ресурси за имплементација и зајакнување на постоечката легислатива. Се бара да се подобри интерсекторската координација и да се зголемат финансиските ресурси со цел намалување на загадувањето на воздухот на локално и национално ниво. Во последниот извештај се вели дека е потребно е да се воспостави и регионален систем за менаџирање на отпад, но да се имплементира и Парискиот договор, како и да се адаптира Стратегијата и законите со рамката на ЕУ 2030. 

Leere Ölfässer in der Landschaft

ЕК бара да се воспостави регионален систем за менаџирање на отпад.

„Лимитиран прогрес е постигнат во областа на зачувување на природата и климатските промени. Како и да е, имплементацијата во сите сектори останува загрижувачко прашање. Земјата е охрабрувана да истапи амбициозно кон Зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Повеќето од минатогодишните препораки не се имплементирани“, се истакнува во извештајот. 

Што се однесува до управувањето со отпадот, ЕК забележа дека слабите административни капацитети, слабиот степен на извршување и лимитираните интерсекторски соработки остануваат главни препреки за прогрес во тој сектор. 

Во однос на индустриското загадување и менаџментот на ризик, како што се истакнува, Законот за индустриски емисии се уште не е усвоен. „Недоволното спроведувањето на казни во однос на одговорните загадувачи поттикнува да не се создаде систем кој би спречил индустриски и хемиски инциденти“, се вели во извештајот. 

DW.COM