Почина Фидел - најдолговечниот револуционерен водач | Свет | DW | 26.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Почина Фидел - најдолговечниот револуционерен водач

Поранешниот кубански претседател и револуционерен водач, Фидел Кастро, почина синоќа (25.11.2016) на 90-годишна возраст.

Актуелниот претседател на Куба, Раул Кастро на националната телевизија соопшти дека неговиот постар брат починал вчеравечер во 22:29 по локално време. Тој изјави дека посмртните останки на револуционерниот лидер ќе бидат кремирани во денеска во раните утрински часови, согласно „желбата на Фидел Кастро“.

Во Куба е прогласена повеќедневна национална жалост. Фидел Кастро со Куба владееше речиси половина век, а дури во 2008. година поради вошената здравствена состојба, раководството со државата му го предаде на неговиот помлад брат Раул, кој започна реформи во Куба. Поранешниот револуционерен водач беше генерален секретар на Комунистичката партија на Куба, премиер и претседател на државата.  Околу 70 насто од Кубанците не знаат ниту еден друг лидер освен Фидел Кастро. Од другастрана, Кастро, дел од жителите на Куба, и многу поголем дел од западниот свет го сметаат за диктатор и лидер кој немилосрдно ја задушуваше секоја опозиција. Тој успешно им пркосеше на десет претседатели на САД во нивните обиди да го соборат од власт. 

Неговата смрт, многу веројатно нема да предизвика криза во Куба, со оглед дека Раул Кастро цврсто ги држи во рака конците на власта, но сепак, заминувањето на човекот кого мнозинството Кубанци го нарекуваа „Ел Команданте“ или само „Фидел“, остава голема празнина во земјата со која тој владееше толку долго, а покрај тоа ја истакнува смената на генерации во кубанското комунистичко раководство.

Гледај видео 00:50

Почина Фидел Кастро

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама