Почина иконата на скијачкото скокање - Мати Никенен | Панорама | DW | 04.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Почина иконата на скијачкото скокање - Мати Никенен

Мати Никекнен беше „Марадона на скијачкото скокање. Поранешчниот врвен фински спортист по турбулентниот живот почина на 55-годишна возраст

Легендарниот фински шампион во скокови, Мати Никанен, почина на 55 години, објави денеска Светската скијачка федерација (ФИС).

Причината за смртта не е веднаш објавена. Никенен се смета за еден од најголемите ски-скокачи во историјата. Тој освои 4 златни олимписки медали и 7 светски шампионати.

Кариерата ја започна во 1981 година и за 10 години триумфираше 46 пати  на Светскиот куп во ски-скокови. Тој со 18 години го освои Светскиот куп, со 19 традиционалната турнеја на Четири скокалници, а со 20 стана олимписки шампион на ЗОИ во Сараево во 1984 година.

Покрај спортските успеси, животот на Никенен беше турбулентен. Двапати беше апсен поради насилно однесување, вклучувајќи го и инциндентот од 2009 година, кога беше обвинет дека ја нападнал сопругата. По пензионирањето започна пејачка кариера. Напишани се неколку биографии за Никенен, а филмаџиите во Финска за него го продуцираа филмот „Мати“ во 2006 година.

„Мати за скијачкото скокање беше како што се Лионел Меси и Марадона за фудбалот“, изјави Клас Бреде Братен од финскиот скијачки сојуз. „Тој беше херој, идол на генерации. Секој сакаше да скока како Мати“.

 

Реклама