Почесна титула за претседателот Иванов | Македонија | DW | 03.03.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почесна титула за претседателот Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Салцбург со свечена церемонија ќе биде инаугуриран во заштитник на Европската академија на науките и уметностите.

default

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Шефот на македонската држава Ѓорѓе Иванов работната посета на Австрија ја продолжува во Салцбург каде денеска (03.03.2012) ќе му биде доделена почесната титула- заштитник на Европската академија на науките и уметностите (ЕАНУ).
Со почесната титула претседателот Иванов ќе се приклучи кон групата заштитници на престижната континентална академска институција во која уште патрони се претседателите на Австрија, Русија, Словачка, Словенија, Грција и на Швајцарската Конфедерација - Хајнц Фишер, Владимир Путин, Иван Гашпарович, Данило Тирк, Каролос Папуљас, Дорис Лојтхарт, како и суверените на Шпанија, Белгија и на Луксембург.

Mozartstadt Salzburg

Салцбург

Почесни сенатори на оваа академска институција се голем број актуелни и поранешни шефови на држави и влади и други високи функционери и видни јавни личности.
Европската академија на науките и уметностите е формирана во 1990 година во Салцбург, со интенција да придонесе за позитивен развој на опшествата и културите во Европа преку интердисциплинарни и наднационални дебати за суштинските проблеми на европско тло и да оствари пионерска интелектуална улога. Работата на Академијата се фокусира врз три клучни сфери – развој на знаење, дистибуција на научни информации и спроведување големи мултинационални проекти.
Меѓу 1.200-те нејзини членови - етаблирани светски имиња од областа на науката, уметноста, филозофијата, се и 25 нобеловци, како и македонските академици Матеја Матевски, Момир Пленаковиќ, Радмил Поленаковиќ, Нада Поп-Јорданова, Бојан Шоптрајанов и Георги Старделов.

Автор: СН/ АТ/ миа

Редактор: А. Трајковска

Реклама