Поцрвене изборната карта: ВМРО-ДПМНЕ освои 39 општини и градот Скопје | Северна Македонија | DW | 31.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Поцрвене изборната карта: ВМРО-ДПМНЕ освои 39 општини и градот Скопје

СДСМ освои девет градоначалнички места во вториот круг, а вкупно ќе има 18 градоначалници. ДУИ ќе раководи со 13 општини.

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните неофицијални резултати од вториот круг на локалните избори во Северна Македонија.Во 21 општина целосно се обработени податоците од гласањето на вториот круг од локалните избори. Првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, најави дека утре попладне ќе бидат објавени и конечните резултати од локалните избори во земјата. 

Според податоците од Избирачките одбори, ВМРО-ДПМНЕ е победник во вториот изборен круг, каде се избори за 18 градоначалнички места. Опозициската партија вкупно ќе има градоначалници во 40 општини, вклучувајќи го и Град Скопје, каде победи независната кандидатка Данела Арсовска, која што ја поддржа опозицијата. Арсовска освои над 115 илјади гласови, наспроти Шилегов кој има нешто над 86 илјади од речиси 97 проценти обработени податоци.

СДСМ освои девет градоначалнички места во вториот круг, а вкупно ќе има 18 градоначалници. ДУИ ќе раководи со 13 општини. Во вториот изборен круг ДУИ го загуби Тетово, а извојува победа во Боговиње, Теарце, Кичево, Струга, Долнени, Арачиново и скопската општина Чаир. Лидерот на БЕСА, Биљал Касами стана градоначалник на Тетово, а оваа партија ја освои градоначалничката позиција и во Желино. 

Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Алтернатива доби нов четиригодишен мандат, а оваа коалиција победи и во Врапчиште.  Гром, ДПА и ЛДП/ДОМ освоија по една општина, додека три општини ќе бидат под раководство на независни кандидати. 

 

DW.COM