Пофалби од Меркел за полицијата и граѓаните на Минхен | Свет | DW | 23.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пофалби од Меркел за полицијата и граѓаните на Минхен

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази шокираност по атентатот во Минхен, истовремено пофалувајќи ја полицијата за високо професионално извршената работа.

„Со тешко срце ние во владата тагуваме по оние кои веќе нема да се вратат во своите домови и сочувствуваме со семејствата. Ние ја делиме нивната болка“, изјави Меркел денеска во Берлин по атентатот во Минхен со вкупно десет загинати. Според неа, сега е важно целосното расветлување на делото. Канцеларката посебно ја пофали полицијата за исклучително професионално извршената задача, истакнувајќи дека соработката меѓу баварските институции и сојузните функционирала беспрекорно. „Тие беа и се најдобрите помагаќи и заштитници на нашите граѓани“, рече Меркел. Истовремено, канцеларката е исклучително трогната и упати пофалби за подготвеноста на бројни жители на Минхен во ноќта на убиствата да ги отворат своите домови за непознатите луѓе кои се најдоа на улиците и бараа засолниште. „Оваа слобода и човечност е најшата најголема сила“, изјави Меркел по одржувањето на седницата на Советот за безбедност во Берлин.

Дел од членовите на владата го прекинаа одморот за да заседаваат околку безбедносната ситуација по нападот во Минхен. Во меѓувреме полицијата соопшти дека атентатот во кој беа убиени девет лица е дело на 18-годишно момче со психички проблеми и нема исламистичка заднина. Напаѓачот се самоуби по извршеното дело.

Реклама