Потрага по работа без граници | Свет | DW | 04.01.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потрага по работа без граници

Еврозоната е во канџи на кризата. Невработеноста во дел од земјите е драматично висока. Причина пред се‘ за младите Грци и Шпанци да бараат работа во Германија.

Германија, според стапката на невработеност во европски рамки, е на четврто место, по Австрија, Луксембург и Холандија. Најмногу невработени во ЕУ имаат Грција и Шпанија. Таму речиси секој втор граѓанин под 25 години е без работа. Се‘ повеќе луѓе од евро-земјите во криза бараат работа во Германија, вели Моника Фарнхаген, директор на Одделот на Агенцијата за вработување за централно посредување стручна работна сила и работници од странство. „Во моментов е така да најголем интерес навистина има во Грција и Шпанија, но ние сме активни и во Португалија и Италија, на пример.“

Предуслов за успешно посредување, според Моника Фарнхаген, е кандидатите добро да го познаваат германскиот јазик. „Како обука, така и вработување во Германија можат да имаат успех само ако постојат барем основи на познавање на германски јазик.“

Недостиг на стручњаци

Milliardenprogramm gegen Arbeitslosigkeit

Службата за централно посредување стручна работна сила и работници од странство на лице место информира за можностите за работа во Германија

Во Германија се зголемува потребата од инженери, технички стручњаци, работници во хотелиерството и гастрономијата, медицински сестри и лекари. Службата за централно посредување стручна работна сила и работници од странство заедно со локални партнери, на лице место информира за можностите за работа во Германија, вели портпаролот на оваа служба, Беате Раабе. Службата во Шпанија и Грција организира таканаречени Денови на регрутација, објаснува Раабе: „Работодавачите таму водат разговори за вработување и запознаваат различни кандидати. Во моментов се‘ уште се во тек постапките на избор.“ Според Раабе, работодавачите се многу задоволни од квалификациите на кандидатите.

Се намалува бројот на Германци кои заминуваат во странство

Со ваквата понуда, Агенцијата за вработување реагира на променетите односи на пазарот на работна сила во Германија. Благодарение на добрата конјуктура се‘ поголем број лица кои бараат работа и ја наоѓаат дома. Тоа е причина за

Deutsche in der Schweiz

Најомилени земји за работа во странство за Германците се Швајцарија и Австрија

намалување на бројот на лица кои последнава година заминале на работа во странство, вели Моника Фарнхаген: „Значи, колку е подобар пазарот во Германија, толку помал е бројот на оние кои заминуваат во странство поради егзистенцијални проблеми.“ Невработеноста е силен мотив за иселување, зашто... „од оние за кои сме посредувале, речиси 90 проценти овде биле без работа“, објаснува таа.

Во 2010 година над 11.000 луѓе и‘ го завртеле грбот на Германија поради тоа што немале работа. Во 2011 година бројот на иселеници изнесувал 9.400. Најчесто се иселуваат келнери, готвачи и други вработени во гастрономијата, а по нив следат градежниците. Најомилени земји за работа во странство за Германците се Швајцарија и Австрија, а потоа следува Холандија.

Автор: Моника Ломилер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска