Поткопувачите на договор на РСМ со Бугарија сѐ уште не влегле во Обвинителството | Северна Македонија | DW | 05.04.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Поткопувачите на договор на РСМ со Бугарија сѐ уште не влегле во Обвинителството

„Обвинителството ги следи наводите за обиди за попречување на договор меѓу РСМ и Бугарија и ако се утврдат елементи на кривично дело ќе биде отворена постапка“, вели Републичкиот јавен обвинител.

Staatsanwaltschaft in Skopje

До Обвинителството сѐ уште ништо не е доставено

Поради чувствителноста на информациите, во целосна дискреција се одвиваат активностите на македонските надлежни институции за лоцирање на лицата кои работеле против постигнувањето договор со Бугарија, односно против евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Откако шефот на дипломатијата, Бујар Османи, завчера соопшти дека „минатата недела вработени во македонски институции се јавувале во Бугарија за да кажат дека е непотребен ангажман за решавање на спорот меѓу двете држави, бидејќи овде брзо ќе се оди на предвремени избори“, премиерот Димитар Ковачевски вчера беше прашан дали е нешто преземено во однос на овие лица - дали се лоцирани, дали се оддалечени од работните места...

„Можам да кажам дека е преземено, но не можам да кажам никакви други детали“, одговори вчера (4.04) премиерот.

„Со министерот за надворешни работи од првиот ден имавме информација и тоа беше предадено на службите за безбедност што се задолжени за таа проблематика. Детали не можам да откривам, бидејќи се работи за класифицирани информации“, рече Ковачевски.

Обвинителството чека

Но, сѐ поверојатно е дека тие активности се во почетна фаза, со оглед дека до Обвинителството сѐ уште ништо не е доставено.

„Обвинителството ги следи случувањата во врска со наводите за обиди за попречување да се постигне договор меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, и доколку се утврдат елементи на кривично дело ќе биде отворена соодветна постапка“, вели Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, за ДВ.

Nord-Mazedonien Staatsanwalt Ljubomir Jovevsk

Јовески: Доколку се утврдат елементи на кривично дело ќе биде отворена соодветна постапка

Податокот кој сега не се открива е - во кои институции работат тие лица, особено - дали работеле во безбедносни иннституции, дали имале пристап до доверливи информации, дали работеле поединечно или биле дел од мрежа која работи за странски интерес, но и од каде ја црпеле заштитата за да се дрзнат да се јавуваат во Бугарија и да агитираат против земјата во која живеат и работат. Од истите причини - доверливост на информациите - од Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање засега не можат да се добијат одговори на овие прашања.

Малку повеќе податоци доаѓаат од соседна Бугарија. Таму од минатата недела под истрага се три лица – двајца службеници на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) - едниот началник на оддел, другиот началник на сектор, за кои постојат сомневања дека се ставиле во служба на Русија, како и уште едно лице на средно раководно ниво во неименувано министерство, за кое беше нагласено дека не е МВР. Сите биле оддалечени од работните места, а она што досега било утврдено е дека информациите не ги доставувале лично, туку преку технички средства. Набрзо по ова од земјата беше протеран и првиот секратар на руската амбасада во Софија. Со оглед дека се работи за истрага и класифицирани информации во последниот случај со ДАНС, специјалното обвинителство и бугарските власти не соопштија други детали. Акцијата во ДАНС беше спроведена истиот ден кога бугарскиот премиер Кирил Петков обелодени дека „руски агенти работеле против односите на разбирање со Северна Македонија, со цел да се оневозможи европска иднина за Западен Балкан“.

Bulgarien Premierminister Kiril Petkov

Бугарскиот премиер Кирил Петков обелодени дека „руски агенти работеле против односите на разбирање со Северна Македонија“

Маските паднаа

Тоа беше прв случај на приведување на вработени во службата која се занимава со контраразузнавачки активности. Претходните случаи на обвинети за шпионажа во корист на Русија биле вработени во Министерството за одбрана, а дел од нив имале достап до извештаи на спецслужбите. Пред еден месец беше приведен и резервниот генерал Валентин Цанков, кој исто така е обвинет за шпионажа и сега е во домашен притвор. Интересите на руската ГРУ главно се однесувале на борбената опрема на бугарските вооружени сили и на сојузничките одбранбени активности, за модернизацијата на бугарската армија, за капацитетот и одржувањето на авионите Ф-16, но и за состојбите со енергетиката, како и за интерконекторниот гасен приклучок.

Бугарски експерти коментираат дека ескалацијата на тензиите довела до активирање на руските агенти и тие сега дејствуваат поостро за реализирање на интересите на Русија.

„Многу маски паднаа. Русија има интерес Бугарија и Северна Македонија да не се договорат и таа да не влезе во ЕУ“, изјави поранешниот шеф на ДАНС и поранешен министер за внатрешни работи Цветлин Јовчев, за Радиото „Nova news“.

„Треба да ѝ се даде јасен сигнал и на Русија, дека такви дејства не се прифатливи и дека кон нив ќе биде реагирано доста остро“, ја коментира тој истрагата за шпионажа во полза за Русија на лицата од ДАНС.

- повеќеДали 24-ти мај може да биде клучен ден за Софија и Скопје?

Според него, откривањето руски шпиони бара многу работа и професионализам, а припадниците на Контраразузнавањето минуваат низ низа тестови за лојалност.

„Русија има многу сериозно разузнавачко присуство и интерес, не само од дипломатската заедница“, вели Јовчев. Тој додава дека опасноста не доаѓа само оттаму, туку и од тамошната дијаспора која може да се покаже како логистичка поддршка за одредена операција.