Потврдено дека се трага по нов осомничен за нападот во Берлин | Свет | DW | 21.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Потврдено дека се трага по нов осомничен за нападот во Берлин

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие денеска потврди дека се трага по нов осомничен за нападот во Берлин.

Се трага по ново осомничено лице, кое не мора да е и извршител на нападот, изјави попладнево германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие, без да наведе други детали.

Германските медиуми јавуваат дека новиот осомничен Анис А., по потекло Тунижанец, им е познат на иследниците. На крајот на ноември, на седница на Центарот за одбрана од тероризам, каде има претставници и на сојузот и на покраините, неговото име било предмет на разговор, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на безбедносни извори. Лицето Анис А. престојувало и во покраината Северна Рајна Вестфалија и во Берлин, користејќи притоа повеќе различни идентитети. Барањето за азил на 23-годишниот Анис А. било одбиено, но тој во Германија имал престој како т.н. толерирано лице.

Тунижанецот имал врски со исламистичката сцена. Според информации на „Зиддојче цајтунг“, НДР и ВДР осомничениот бил категоризиран како „загрозувач“. Тој имал контакти со мрежата на неодамна уапсениот салафист Абу Вала, кој инаку важи за „човек број 1 на Исламска држава во Германија“.

Инаку, вчера исламистичката милиција Исламска држава презеде одговорност за нападот во Берлин, во кој има 12 загинати и 48 повредени лица. Автентичноста на пораката, упатена преку пропагандната агенција на Исламска држава, Амак, досега не е потврдена.

DW.COM

Реклама