Потврдена победата на Пена Њето
6 јули 2012По пребројувањето на дел од гласачките ливчиња на претседателските и паламентрани избори во Мексико потврдена е победата на Енрике Пена Њето. Според изборната комисија не постои причина, резултатот да не се признае.
Победата за Пена Њето ќе значи враќање на власта на Институционално-револуционерната партија, која во Мексико владееше од 1929 до 2000 година.
По пребројување на 99 проценти од гласовите партијата на кандидатот Пена Њето освоила 38,2. Предноста пред неговиот против кандидат Андрес Мануел Лопез Обрадор изнесува 6,7 проценти. Лопез Обрадор не го признава поразот, поради сомневања за изборна измама.
Кон сомневањата за законитоста на изборите се приклучи и третопласираниот кандидат - Џозефина Васкес Мота од партијата Национална акција. Слично на кандидатот на Партијата за демократска револуција, Обрадор, и таа се жали дека Пена Њето трошел огромни суми за време на својата кампања. Освен тоа, Мота тврди дека предизборните сондажи што покажувале победа за Пена Њето со двоцифрена разлика, биле само „пропаганда“ во негова корист.