Пост-Брегзит договорот ги минува последните пречки | Свет | DW | 31.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Пост-Брегзит договорот ги минува последните пречки

Двата дома на британскиот парламент го одобрија трговскиот договор помеѓу Обединетотот Кралство и ЕУ. Веднаш потоа потпис стави и Кралицата.

По долги и тешки преговори за договорот, тој сега мина многу брзо во двата дома на британскиот парламент, а кралицата Елизабета Втора со својот потпис го стави договорот и формално во сила.

Членовите на Горниот дом на парламентот претходно дебатираа со часови за договорот. Во минатото премиерот Борис Џонсон повеќепати претрпе пораз во гласањето за Брегзит, но овојпат договорот доби согласност.

„Судбината на оваа извонредна земја сега е во наши раце“, изјави Џонсон во Долниот дом на парламентот. „На 31 декември во 23 часот (локално време) стартува нов почеток во историјата на нашата земја и почнуваат нови односи со ЕУ, како нивен најблизок сојузник. Моментот конечно дојде и сега треба да се искористи“, рече британскиот премиер.

Повеќе:

И покрај договорот, Брегзит останува голема историска грешка

Merry Brexmas!

Постигната е согласност за Брегзит-трговскиот договор

Трговскиот и партнерски договор кој Џонсон по долги преговори го договори со ЕУ на 24 декември, ги регулира економските односи по преодната фаза на Брегзит, од 1 јануари 2021 година. Најважна точка е што трговијата со стока и во иднина останува без царини и ограничување на количеството.

Großbritannien London | Boris Johnson unterzeichnet Brexit-Handelsabkommen

Британскиот премиер Борис Џонсон го потпишува договорот

Врвот на ЕУ го потпиша договорот во средата наутро. Откако својот потпис го ставија претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, документот со авион на британската воена авијација беше однесен во Лондон, каде свој потпис стави британскиот премиер Борис Џонсон. За договорот во јануари треба да гласа и Европскиот парламент.

Реклама