Последниот „СОС“ повик од Алепо | Свет | DW | 13.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Последниот „СОС“ повик од Алепо

Сириската и руската авијација без прекин бомбардираат, Алепо е под артилериски оган. „Ова е нашиот последен СОС повик“, напиша еден жител на интернет. Владата ја слави победата над бунтовниците во Алепо.

Поразот на бунтовниците во источниот дел од некогашната сириска метропола Алепо е веќе запечатен. Сириската армија е кратко пред целосна контрола на градот. „Се наоѓаме во финалните моменти на победата на сириската армија во борбата за источно Алепо“, изјави претставник на сириската војска за Ројтерс. Победата може да биде прогласена во секој момент. Сириската државна телевизија прикажува славеничко расположение, луѓе кои во рацете држат слики на сирискиот претседател Башар ал Асад и веат сириски знамиња. И Сириската опсерваторија за човекови права го насетува крајот на борбата за Алепо, констатирајќи целосен крах кај бунтовниците.

Алепо ги алармира ОН

На линијата на фронтот, меѓу двете завојувани страни, страдаат илјадници цивили, со денови отсечени од вода и електрична струја. Според извештаите, има луѓе под урнатините, без изглед да им се помогне. Илјадници жители, без оглед на непрекинатата стрелба, минатите денови ризикуваа пребег во западниот дел од градот. Со оглед на извештаите за свирепи дела против цивилите, вклучувајќи деца и жени, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази исклучителна загриженост. „ОН ги истакнуваат обврските на сите страни во конфликтот за заштита на цивилите и почитување на човечките права и меѓународното право“, изјави портпарол на ОН. Посебно е истакната одговорноста на Русија и на Иран. Меѓународниот Црвен крст во Сирија тамошната здарвствена ситуација ја означи како катастрофална. Речиси нема лекови, многу луѓе поради континуираните борби со денови се кријат во куќите, без храна и вода.

Падот на Алепо не значи крај на конфликтот

Градот Алепо досега беше поделен во западен дел, контролиран од сириската армија и источен дел, во кој бунтовниците држеа цврсти позиции. Сириската армија во средината на ноември започна голема офанзива за повторно освојување на Алепо. Падот на градот во владини раце ќе биде тежок пораз на бунтовниците во конфликтот започнат од 2011 година. Владата тогаш ќе ги контролира повторно петте најголеми градови во земјата.

 

DW.COM

Реклама