Посетата на Меркел - важна за оние кои размислуваат поинаку во Турција | Свет | DW | 03.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Посетата на Меркел - важна за оние кои размислуваат поинаку во Турција

Канцеларката се изнаслуша критики пред заминувањето во Анкара дека нејзината посета на Турција само го зајакнува Ердоган во погрешен момент. Михаел Леман меѓутоа смета дека отворените зборови на Меркел беа драгоцени.

„Опозицијата е дел од демократијата“ Тоа беше едноставната но централна реченица на германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината вчерашна  (02.02) посета на Анкара. Многу веројатно е дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе остави оваа реченица да се разводни сама од себе. Канцеларката меѓутоа отворено го искажа она што многумина со задоволство уште подиректно би му го кажале в лице на претседателот на Турција, кој станува премногу моќен: доста со угнетувањето на слободата на мислењето! Да се задржи поделбата на власта! Обвинувањата за измачување да се истражат веднаш и решително!

Türkei Treffen Angela Merkel & Recep Tayyip Erdogan

Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (02.02.2017)

Не знаеме, колку директни и јасни навистина биле зборовите кои канцеларката ги користела во личниот разговор со Ердоган.  Но за почеток беше и е важно, дека еден со месеци толку непопустливо дејствувачки владетел мораше јавно да слушне толку јасна критика од една на друг начин моќна жена која владее на демократски начин- дури и ако таа критика во некои точки беше формулирана само индиректно.

Истотака важна е средбата која Меркел ја закажа за вечерта, непосредно пред нејзиниот лет кон Малта за самитот на ЕУ, со двете големи опозициски партии во Турција. „Треба да се сослуша и почитува мислењето на оние кои размислуваат поинаку!“ Ова порака на германската канцеларка важи не само за Ердоган и неговиот потесен круг на следбеници. Оваа порака треба да потсети и на другата половина во Турција, која имено не се согласува со моменталниот курс на владеење со земјата, но сѐ позасилено ѝ се затвора устата.

Türkei Angela Merkel - Binali Yildirim

Германската канцеларка имаше средба и со турскиот премиер Бинали Јилдирим

На тој начин посетата на Меркел и покрај скудниот временски буџет успеа да ги поддржи оние, кои само уште тешко и под лична закана можат да извршуваат  вистинска опозициска работа. Посетата на Меркел, независно од тоа што по неа ќе пишува во турските медиуми, беше успешна - за канцеларката, но истототака и пред сѐ за луѓето во Турција кои не сметаат дека Ердоган и неговото владење се без алтернатива.

 

 

Реклама