Порториканците гласаа да бидат 51-ва сојузна држава на САД | Свет | DW | 12.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Порториканците гласаа да бидат 51-ва сојузна држава на САД

97,2 насто од граѓаните на Порторико, кои гласаа на референдумот, се изјаснија овој карипски остров да стекне статус на 51-ва држава во САД.

Граѓаните на Порторико на необврзувачки референдум гласаа оваа автономна надворешна територија под американска управа да стане рамноправна сојузна држава на САД. Околу 98 насто од оние кои излегоа на гласање се изјаснија за промена на актуелниот статус на овој сиромашен карипски остров.

Гувернерот на Порторико Рикардо Росело вети дека ќе формира комисија која ќе именува двајца сенатори и пет претставници кои од Конгресот на САД ќе побараат статус на сојузна држава. Американскиот конгрес мора да прифати каква било промена на статусот на Порторико. „САД ќе мора да ја почитуваат волјата на народот“, рече Росело.

Меѓутоа, експертите тврдат дека е малку веројатно оти Конгресот, кој е под контрола на Републиканците, ќе ги признае и прифати резултатите на референдумот, бидејќи Порторико е понаклонет кон Демократската партија во САД.

Puerto Rico Gouverneur Ricardo Rossello (Reuters/A. Baez)

Рикардо Росело, гувернер на Порторико

Околу половина милион луѓе на референдумот се изјаснија „за“ Порторико да стане 51-ва држава на САД, 8 илјади се изјаснија за независност, а 7000 беа за задржување на сегашниот статус. На референдумот се одзваа само 23 насто од вкупно 2,2 милиона граѓани со право на глас, што е најмала излезност забележана во Порторико, на сите досегашни избори од 1967 година наваму. Главната опозициска партија ги повика своите приврзеници да го бојкотираат референдумот.

Референдумот се поклопи со одбележувањето на 100-годишнината од давањето на државјанства на САД на Порториканците. Тие меѓутоа немаат право да гласаат на претседателските избори во САД и имаат само еден претставник во Претставничкиот дом на Конгресот со ограничено право на глас.

   

Реклама