Пораст на цените на нафтата по договорот на ОПЕК | Економија | DW | 01.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Пораст на цените на нафтата по договорот на ОПЕК

Пазарите реагираат итно: ОПЕК во Виена одлучи, сега навистина да се обиде со помали количества на експлоатирана нафта. И веднаш по одлуката цените на нафтата силно пораснаа.

Утрината суровата нафта од типот Брент, која е важна за пазарот во Европа, достигна цена од 52,60 долари за барел Тоа се 75 американски центи повеќе отколку во средата. Цените на нафтата како последица на одлуката на ОПЕКпораснаа за 9 проценти, што е најголем раст на цената по повеќе од десет месеци. И американскиот тип сурова нафта ВТИ, утрината се продаваше за 50 долари за барел.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) вчера постигнаа договор, прв во последните 8 години, за намалување на производство на нафта, со што е завршена стратегијата на висока понуда која во последните 10 години доведе до пад на цената на оваа суровина. Како што беше наведено членките на ОПЕК ќе го намалат производството на сурова нафта за 1,2  милиони барели дневно.

Претседателот на ОПЕК, Мохамед бин Салем ал Сада, рече дека договорот предвидува намалување на производниот лимит на 32,5 милиони барели дневно, за разлика од досегашните 33,6 милиони барели.

Како што изјави Ал Сада, намалувањето на производството на нафта ќе стапи на сила во јануари наредната година.

Тој истакна дека главните произведувачи на нафта кои не се членки на ОПЕК се подготвени заедно да делуваат во планирање на намалување на производството. Не прецизираше за кои држави станува збор, но рече дека Русија е подготвена да го намали своето дневно производство на нафта од 10 милиони барели за 300.000 барели.

Претседателот на ОПЕК потврди оти Индонезија решила да го суспендира своето членство во таа организација поради несогласување со денешниот договор.

Иранскиот министер Биџан Занагех рече дека неговата земја нема да го замрзне своето производство, но оти постојат други аранжмани кои можат да му помогнат на ОПЕК за постигне договор. Иран порано беше веднаш зад Саудиска Арабија по производство на нафта во рамките на ОПЕК, но повеќегодишните санкции поради спорната нуклеарна програма ја намали продажбата на иранска нафта, додека останатите во картелот го зголемуваа своето производство. Со укинување на санкциите годинава, Иран настојува да поврати дел во пазарот додека  од Саудиска Арабија бара да се откаже од добивката за кој смета дека била на негова штета.

 

DW.COM

Реклама