Поранешен лидер на Ал-Каеда убиен во американски напад во Сирија | Свет | DW | 09.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поранешен лидер на Ал-Каеда убиен во американски напад во Сирија

Американската војска во сириската провинција Идлиб уби единаесет членови на Ал-Каеда. Меѓу нив се наоѓал и еден високорангиран екс-командант на терористичката мрежа

Министерството за одбрана во Вашингтон соопшти дека Абу Хани ал-Масри бил убиен во два целни воздушни напади во Идлиб на почетокот на месецов. Ал-Масри бил активен како борес на Ал-Каеда главно во 80-те и 90-те години од минатиот век. Тој во тоа време тесно соработувал со озлогласениот поранешен лидер на терористичката мрежа Осама бин Ладен и со актуелниот прв човек на Ал-Каеда, Ајман ал Завахири.

Ал-Масри, како што соопшти Пентагон, ја надгледувал работата на камповите за обука на борци на Ал-Каеда во Авганистан. Тој таму „регрутирал, индоктринирал, тренирал и вооружувал илјадници терористи“, истакна министерството за одбрана на САД. Овој ветеран на Ал-Каеда покрај тоа помогнал при основањето на египетскиот Исламски џихад, првата сунитска група, која во своите напади ангажираше бомбаши-самоубијци.

Воени напади против Исламска држава и Ал-Каеда

САД во Сирија пред сѐ се концентрираат на борбата против терористичката милиција Исламска држава (ИД). Во последно време меѓутоа, американската армија таму сѐ поинтензивно дејствува против Ал-Каеда. Големи делови од сириската провинција Идлиб во моментов се под контрола на сириската фракција на терористичката мрежа - Фатех ал Шам фронт. Воздушните напади значително ја намалија ударната сила на Ал-Каеда, се вели во соопштението на Пентагон. „САД ќе ја продолжат својата стратегија за напади врз Ал-каеда во Сирија. Сигурни прибежишта за терористите нема да бидат толерирани“ , порача американското министерство.

 

Реклама