Поранешен војник уби пет лица во Флорида | Свет | DW | 07.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поранешен војник уби пет лица во Флорида

Лице вооружено со пиштол смртно застрела пет, а рани најмалку осум луѓе на меѓународниот аеродром Форт Лодердејл во американската сојузна држава Флорида.

Полицијата соопшти дека напаѓачот допатувал со авион од Аљаска, а пукал откако го земал пријавениот багаж во кој се наоѓал пиштолот. Потоа го спуштил пиштолот на земја, легнал со раширени раце и нозе, и почекал полицијата да го приведе.

Властите не изнесоа детали за можниот мотив за нападот, кој ги вознемири патниците на аеродромот, кој пак беше привремено затворен.

Сенаторот од Флорида, Бил Нелсон изјави дека напаѓачот имал војничка легитимација на име Естебан Сантијаго. Според наводи на министерството за одбрана на САД, 26-годишниот напаѓач е поранешен војник во Националната гарда на Порторико и Аљаска. Тој бил стациониран во Ирак од април 2010. до февруари 2011. година, а во 2016. година ја напуштил армијата, соопшти претставник на министерството. Новинските агенции, повикувајќи се на братот на напаѓачот, известуваат дека тој  до неодамна се наоѓал на психијатриско лекување.

Гледај видео 00:38

Пет загинати во напад на аеродром во САД

Претседателот Барак Обама за нападот бил известен од неговиот советник за национална безбедност, соопшти Белата куќа.

Регионалниот полициски комесар Чип ЛаМарка пак изјави дека напаѓачот стигнал со канадски авион и оти пиштолот бил пријавен, во неговата торба, предадена како багаж.

„Откако ја земал торбата, отишол во тоалет и го наполнил пиштолот, излегол и почнал да пука. Не знаеме зошто“, рече ЛаМарка.

Патниците во авион можат легално да носат оружје и муниција само ако се пријавени и предадени во багажот, сместени во товарниот дел на авионот, и ако оружјето е заклучено во посебна, тврда кутија. Оружјето мора да се пријави во авиокомпанијата за време на пријавување на патникот.

Шерифот Скот Израел потврди дека во нападот на аеродромот загинале 5 лица, најмалку 8 се ранети. Повеќе детали за нивната состојба не се објавени. Израел истакна дека напаѓачот е уапсен неповреден, мирно, и оти полицијата не испукала ниту еден куршум. Напаѓачот го сослушуваат припадници на ФБИ.

Бројни летови за Форт Лодердејл беа одложени или пренасочени, а  на аеродромот привремено беа задржани и авионите кои требаа да полетаат.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама