1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поради судска одлука откажан штрајкот на германските машиновозачи

8 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BSCP

Синдикатот на германските машиновозачи го откажа за утре планираниот штрајк во товарниот сообраќај. Одлуката следи по решението на судот за работни односи во Нирнберг кој по брза постапка забрани одржување на штрајк. Шефот на синдикалците Манфред Шел изјави дека сега немаат сигурна правна основа за прекин на работата, но ќе ја обжалат пресудата. По барање на Германски железници, судиите забранија оддржување на штрајк низ цела Германија во товарниот и патничкиот сообраќај до 30 септември. Во меѓувреме министерот за животна средина Зигмар Габриел, е првиот министер кој застана зад барањето на машиновозачите за покачување на платите од 31 насто.