Поради короната на половина милијардa луѓе им се заканува сиромаштија | Економија | DW | 09.04.2020

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Поради короната на половина милијардa луѓе им се заканува сиромаштија

Поради корона-кризата половина милијарда луѓе би можеле да паднат во сиромаштија, проценува хуманитарната организација Оксфам.

За да се спречи пад во сиромаштија на нови 434 милиони луѓе, на меѓународната заедница и’ е неопходен „пакет мерки за спас на сите“ во висина од 2,5 илјади милијарди долари, побара денеска организацијата Оксфам. Таа од германската влада бара воведување на „неопходниот ефективен данок на финансиски трансакции“ за да може да се финансира развојната помош.

Корона-кризата би можела да ја врати борбата против сиромаштијата на точка од пред 10 години, а во некои региони на Блискиот Исток и во Африка дури и на точка од пред 30 години, смета Оксфам, повикувајќи се на истражувања на Кралскиот колеџ во Лондон и Австралискиот национален универзитет, според кои економската криза предизвикана од пандемијата може да турне во сиромаштија нови половина милијарда луѓе во светот.

Denkraum für Soziale Marktwirtschaft Marion Lieser

Лизер: Да не се спасуваат само компании, туку поддршка да добијат широки слоеви на населението

Според пресметките, намалувањето на приходите во буџетите за 20 проценти во тие региони може да одведе 434 милиони луѓе во живот со помалку од 1,9 долари на ден.

„Економските и социјалните последици на пандемијата ќе бидат разорни пред се’ во сиромашните земји доколку Г20, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка не донесат брзо пакет мерки за спас“, изјави Марион Лизер, претседателска на германската секција на Оксфам. Светотмора „да извлече поуки од финансиската криза 2008 и да се погрижи за тоа да не се спасуваат само компании, туку поддршка да добијат широки слоеви на населението“, додаде таа.

Аудио и видео прилози на оваа тема