Поп ап продавниците - тренд во Лондон
27 октомври 2013Комбе за сладолед во лондонската населба Спителфилдс. Наместо слатки овдека има маички и куси пантолони. Дизајнерот Хенри Холанд се вози повеќе денови низ британскиот главен град и испробува, каде се продаваат најдобро неговите креации.
„Кога се изнајмува продавница во Лондон мора да се потпише договор за пет години. При овие цени овде тоа е огромна инвестиција која ве врзува на долго време. Пред да го сторам тоа, сакав малку да го тестирам пазарот, на забавен начин, кој им се допаѓа и на моите муштерии и донесува малку готовина“, вели Холанд.
А касата се полни. Привремените продавници, како оваа на Хенри Холанд се добро прифатени во град како Лондон. „Наместо да се купи сладолед, овде се даваат 140 евра и за тоа се добива извореден фустан“.
Плоштадот Пикадили: Астрономски високите кирии овде можат да си ги дозволат само големите фирми. Иницијативата „Pop-Up-Britain“ изнајми една продавница. Шеесет нови британски претпријатија овде шест недели можат да ги нудат своите производи.
„Никој од нас не можеше да си го дозволи ова овде, но благодарение на Pop-Up-Britain можеме да ги покажеме нашите работи на оваа неверојатна улица.“
Овие шарени чорапи вообичаено се нудат само преку интернет.
„Во моментов работам во трпезаријата на моите родители. Се надевам дека некогаш ќе можам да имам сопствена продавница. Ова овде е добра шанса за мене“.
„Сакаме да ги поттикнеме британските претпријатија, пред сѐ кај муштериите во странство. Производителите овде можеби наскоро ќе ги извесуваат нивните работи, што пак ѝ користи на нашата конјунктура. Во моментов многу големи претпријатија препознаваат дека мора да им се помогне на малите фирми, а нашето стопанство повторно да застане на нозе“.
Во лондонската населба Шордич во 2011 година беше отворен првот поп-ап трговски центар во светот. Просторот беше неискористен 40 години, додека паркот со кутии тука не ги пласира своите 61 контејнери. За пет години, потоа ќе се отсели.
„Тоа не наликува на некој нормален трговски центар. Се минува низ контејнерите што е многу модерно“.
„Изгледа толку поинаку. Многу кул и младо!“
„Никоја од продавниците не е како ова овде, како контејнерите. Архитектурата е помалку застрашувачка, но таа привлекува луѓе - особено туристи, но исто така и жителите“.
Лондон - мека за привремени продавници. Лани летото, за време на Олимписките игри градот доживеа вистински поп - ап бум.
„Причината зошто Pop-up е толку успешен, е тоа што живееме во време во кое сѐ може да се купи на интернет. Трговците сакаат повторно да дојдат во контакт со луѓето, да им понудат нешто, затоа купувањето го претвораат во доживување“.
„Назад, кај комбето за сладолед на Хенри Холанд - кој имено има намера да замине на друго место. Во директно соседство се танцува на крус за свинг - и тоа е еден поп-ап. - Очигледно Лондончани се љубители на спонтани акции.