Поплави ја демнат покраината Саксонија | Свет | DW | 08.08.2010
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поплави ја демнат покраината Саксонија

Ситуацијата со поплавите на тромеѓето меѓу Германија, Полска и Чешка постои можност и натаму да се влошува. Во Герлиц се очекува рекорден водостој.

default

Водостојот стигна дури до мостот

Во областите загрозени од висок водостој во Саксонија не е на повидок смирување на ситуацијата. Водостојот на реката Лужичка Ниса во Герлиц утрово изнесуваше 7,07 метри, инаку вообичаено за овој период од годината е водостојот да изнесува 1,70 метри. Во наредните часови се очекува зголемување на водосотјот на 7,20 метри, рече портпаролот на покраинското министерство за екологија на Саксонија, Андреас Кунце.

Во округот Герлиц вчера беше активиран алармот за катастрофи. „Ситуацијата и натаму е затегната“ изјави портпаролот на полицијата во Герлиц утрово. Министерот за внатрешини работи Маркус Улбиг, пак, предупреди дека се очекува благо опаѓања и повторно искачување на водостојот. Тој ги повика граѓаните да ги следат упатствата на полицијата.

Евакуација на делови од градот

Hochwasser Görlitz August 2010

Нивото на реката се зголеми за само неколку часа

Силните дождови како и рушењето на насипот во полскиот пограничен регион на реката Ниса, во Герлиц за само неколку часа дојде до покачување на водостојот на преку седум метри. Делови од градот се евакуираат, исто како и некои други населени места по течението на реката.

Во западниот дел на Саксонија во меѓувреме ситуацијата почнува да се стабилизира. Во областите каде што реките се влеваат во Елба, освен високиот водостој дојде и до лизгање на земјиштето.

Во полавите досега во животот го загубија осум лица, четворица во Чешка, еден во Полска и тројца во германската покраина Саксонија.

Автор: Оливер Самсон/Александра Трајковска/афп

Редактор: Трајче Тосев