Попис од 1 до 21 април - иселените над една година не се резиденти | Северна Македонија | DW | 04.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Попис од 1 до 21 април - иселените над една година не се резиденти

Премиерот Заев порача дека нема отстапувања од плановите за попис, а опозицијата ако сака нов попис - тоа може да го направи по 10 години. Граѓани кои живеат надвор повеќе од една година ќе се водат како нерезиденти.

Македонски граѓани кои живеат надвор од државата повеќе од една година ќе бидат попишани како нерезиденти. Ова важи и за граѓани со бугарско државјанство и за дијаспората од други етникуми од Македонија кои живеат во Европа, Америка и на другите континенти. Пописот во Северна Македонија ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава. Во оваа сложена статистичка операција ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население. „Пописот е обврска и треба да се спроведе затоа што сме единствена држава без попис во Европа, па срамота е да правиме експерименти. Тој што е иселен повеќе од една година се смета дека не е резидент и на пописот ќе пишува дека е иселен повеќе од една година, тој дел е јасно решен и за сите етнички заедници“, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на новите просториии на Министерството за политички систем.

Попис мора да има

Северна Македонија е единствената земја во Европа што не спровела попис цели 18 години. Токму затоа, Заев вели дека пописот треба да се спроведе - затоа што е обврска и поради тоа што С Македонија е единствена држава во Европа којашто нема направено попис, заедно со Сомалија и некои други држави. „Тој е задолжителен и има казни. Не сакам да се заканувам, но секако законот важи за сите и сите мора да го испочитуваме. Пописот не е за да се попишуваат политичките партии или политичарите во државата, пописот е заради граѓаните“, вели Заев. 

-повеќе на темата: Главоболки околу пописот 

На опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која најави дека нема да ја поддржува и да ја почитува статистичката операција и дека ќе направи нов попис кога ќе дојде на власт, тој им порача дека тоа можат да го направат по 10 години. „Опозицијата вели дека кога ќе дојде на власт ќе направи нов попис, нема проблем, државата во 2031 ќе прави пак попис, ќе видиме кој ќе биде власт, тоа граѓаните ќе ни го кажат тогаш“, рече Заев.
Во однос на барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се земаат и отисоци од прстите за идентификација, за да се избегнат злоупотреби на претстојниот попис, премиерот вели дека прават напори да им излезат во пресрет на барањата, иако некои од нив не се рационални. Премиерот вели дека власта е подготвена да прифати донација од 5.000 апарати за отпечаток на прст и тоа да се вгради во законот за попис, но дека е невозможно да се зема отисок од децата и од граѓаните кои не се во земјата.

Статистичка, а не политичка операција

Законот за попис е во собраниска процедура, а на седница се очекува да се најде кон средината на јануари. Во последниот извештај на ЕК беше нотирано дека земјава мора да спроведе попис на населението во текот на оваа година.
Според надлежните, оваа статистичка операција ќе биде спроведена од Државниот завод за статистика како овластен носител на статистички истражувања. За разлика од претходните, овој попис ќе има неколку новини. Главната новина е што ќе се спроведува со т.н комбиниран метод, нешто што до сега не било практика, а било практика во други земји. Овој метод подразбира истовремено попишување на терен со оној класичен метод, интервју лице во лице, но и користење податоци од регистри, односно бази на податоци.

-повеќе на темата: Попис по нов метод, но со стари дилеми

Пописот ќе се спроведува со електронски прашалници, со користење на ИТ- технологија, и според стандардите на Еуростат.Целокупната територија на државата ќе биде поделена на 45 пописни реони во којшто ќе се формираат т.н регионални пописни комисии кои имаат функција да овозможат логистика на целокупната операција. Во статистичката операција ќе учествуваат околу 6.000 лица, околу 5.000 попишувачи, околу 500 реонски инструктори и околу 200 државни инструктори и членови на комисиите. 
Пописот ќе чини 8,5 милиони евра, а предвидено е резултатите од него да бидат достапни 6 месеци по завршувањето на процесот. Пописот од 2002 година е последниот што е спроведен во земјата. Неславно заврши планираната и започната но незавршена статистичка операција во 2011 година. 

Коронавирусот и пописот

„Поради пандемијата на коронавирус Германија, Ирска и Шкотска го одложија пописот, само Заев турка фалсификат попис“, обвини повторно опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која изминатиов период изнесе низа барања до власта, кои беа толкувани како обид за одложување на пролетниот попис. „Дали Заев сака да каже дека државата е поспремна да организира попис од една Германија, Ирска и Шкотска? Од небото се гледа дека целта на Заев не му е статистичка операција, туку фалсификат", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-повеќе на темата: Во „5 до 12“ и отпечатокот ќе влезе во пописот

Партијата обвинува дека Заев повторно се обидува да ја излаже македонската јавност дека законски ќе се спроведува пописот, а со своите експериментални политики на државно ниво, ја направи Северна Македонија еден голем експеримент. „Политичкиот фалсификат е на повидок со овој попис, со кој власта форсира повторно своевиден инженеринг и затоа одбива методологијата за пописот да ја видат сите граѓани, како и истата да биде точно објаснета во законот за попис. Нејасно е зошто власта одбива пописот да биде извршен според европските стандарди, нејасно е и зошто Заев инсистира да се попишува нерезидентно население. Отисокот од прст е единствениот сигурен начин кој ќе гарантира дека власта нема да го фалсификува пописот", не отстапуваат од ВМРО-ДПМНЕ.