Помпео следната недела во Охрид | Северна Македонија | DW | 27.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Помпео следната недела во Охрид

Американскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела ќе ја посети С. Македонија. Тоа е прва официјална посета на американски политичар од тој ранг од 2001 година.

Првиот американски дипломат Мајк Помпео доаѓа во С. Македонија следната недела на разговори со државниот врв. Американскиот Стејт Департмент попладнево потврди дека Помпео доаѓа на турнеја низ повеќе европски држави. Неговата рута започнува во Рим на 1 октомври, каде најпрво оди на аудиенција кај Папата Франциско, а потоа се среќава со италијанскиот државен врв. Оттаму, Помпео продолжува за Црна Гора, а следната станица му е Скопје. Иако Стејт Департментот не наведува точен датум, од распоредот може да се заклучи дека Помпео ќе дојде во Охрид, каде е најавена посета на манастирскиот комплекс „Св Богородица Перивлепта“. Од Охрид, Помпео продолжува за Атина на средби со грчкиот државен врв.

Колин Пауел е првиот и последен американски државен секретар кој досега ја посетил Македонија. Пауел дојде во Скопје на 13 април 2001 година во екот на воената и политичка криза во земјата. Две години пред него, во јуни 1999 година, за време на косовската криза, во земјата престојуваше и американскиот претседател Бил Клинтон. 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема