1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помпео во недела ќе го посети Ким

СН/ агенции
3 октомври 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се подготвуваат за втор самит. За таа цел претстојниот викенд државниот секретар Помпео патува во Пјонгјанг.

https://p.dw.com/p/35u8V
Nordkorea Mike Pompeo trifft Kim Jong Un
Фотографија: Reuters/U.S. Government

Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, во недела ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, во Пјонгјанг во обид да се забрза процесот за денуклеаризација на корејскиот полуостров, соопшти синоќа Стејт департментот.

Помпео покрај Северна Кореја, ќе ги посети и Јапонија, Јужна Кореја и Кина, изјави портпаролката на американското Министерство за надворешни работи, Хедер Нојерт.

Повеќе:

-Ким бара втор самит со Трамп

-По самитот на Трамп и Ким: За доверба е потребно време

-Трамп и Ким договорија „целосна денуклеаризација“ на Северна Кореја

Singapur USA Nordkorea Gipfel Donald Trump, Kim Jong Un
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Wallace

Тоа ќе биде четврта посета на американскиот министер на Северна Кореја од пролетта наваму и се смета дека Помпео во Пјонгајнг овојпат ќе води подготвителни разговори за новиот самит Трамп-Ким.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изрази надеж дека наскоро повторно ќе сретне со Ким по првиот самит одржан на 12 јуни во Сингапур.