Помага ли бесплатниот јавен превоз во борбата против загадувањето на воздухот? | Панорама | DW | 19.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Помага ли бесплатниот јавен превоз во борбата против загадувањето на воздухот?

Германија кокетира со бесплатниот јавен превоз, но во борбата против загадувањето на воздухот има покорисни рецепти, смета експертот за транспорт Одед Катс.

По заканата од ЕУ поради големото загадување на воздухот во некои германски градови, владата во Берлин планира да понуди бесплатен јавен превоз во пет германски градови. Еден од малкуте градови во светот во кои долгорочно е етаблиран ваков проект е естонскиот главен град Талин. ДВ разговараше со сообраќајниот експерт Одед Катс, кој интензивно се занимаваше со примерот на Талин.

ДВ: Зошто Талин има воведено бесплатен јавен превоз и дали експериментот е успешен?

Одед Катс: Целите беа да се зголеми привлечноста на автобускиот и железничкиот превоз, да се намали автомобилскиот сообраќај и да се подобри мобилноста на невработените и на луѓето со ниски приходи. Мислам дека последната цел е остварена. Многу луѓе со ниски приходи сега се мобилни. Преминот кон јавен сообраќај не донесе голем брз ефект. Но, една до две години по воведување на мерката, јавниот превоз забележа пораст од 14%. Голем дел од тие луѓе, меѓутоа, претходно биле пешаци или пак и претходно користеле автобуски превоз, само што сега го користеле почесто или подолго. Само мал процент беа луѓе кои претходно возеле автомобил. Значи, не може да се каже дека има помал автомобилски сообраќај или дека колоните и со нив поврзаното загадување на воздухот се намалиле.

Зошто понудата не привлекува повеќе возачи?

Од градовите кои во кус период тестирале бесплатен јавен превоз знаеме дека парите се ретко фактор за луѓето да се одлучат против автобус, а за автомобил. Тоа е повеќе поврзано со квалитетот на понудата. Доколку средствата за јавен превоз возат почесто, наместо да се намалува цената, тогаш ќе има и повеќе нови муштерии.

Oded Cats (Communication dept CiTG)

Одед Катс

Што би требало да направи Германија за повеќе луѓе да се откажат од транспорт со автомобил?

Од Талин и многу други места имаме многу докази дека најефективно е да се зголемат трошоците за користење автомобил: цената на бензинот, цената на паркинзите и да се воведе посебна патарина за центрите на градовите. Мора да се зголемат трошоците за оние кои навистина го користат автомобилот, а не го чуваат само во гаража. Се работи за тоа возачите да платат за несаканите ефекти кои со себе ги носи автомобилскиот сообраќај, значи загадувањето на воздухот и преполните улици. Тоа со вакви мерки може да се постигне. Само кога возачите ќе се соочат со трошоците за својата одлука е можно да се премислат. А во таков случај мора да има добри алтернативи во јавниот превоз.

Што можеме да научиме од градовите кои се обиделе со бесплатен превоз?

Можеме да видиме зошто не успеало. Има многу градови - еден од најпознатите е Хаселт во Белгија - кои со години имале бесплатен јавен превоз, а потоа повторно морале да воведат билети затоа што не можеле финансиски да издржат. За одговорниоте таму тоа беше болна одлука, но мораше да се донесе.

Како може Талин, град со половина милион жители, да си дозволи бесплатен јавен превоз?

Во Естонија локалните даноци зависат од местото на живеење. Имаше многу луѓе кои живеат во Талин, но се пријавени на друго место. Така градот губеше многу приходи од даноци. Понудата за бесплатен превоз требаше да ги увери овие луѓе да се пријават во Талин, затоа што понудата важи само за пријавените жители на Талин. Со новодобиените даночни приходи градот можеше да ги покрие трошоците за билетите за јавен превоз.

Одед Катс е доцент на Универзитетот за технологија Делфт во Холандија. Освен тоа, тој работи како истражувач на Кралскиот институт за технологија во Шведска. Тежиште на неговата работа се транспортните мрежи и со тоа поврзаните оперативни зделки, политика и патувачки навики и однесување.

DW.COM

Реклама