Полубратот на Ким Јонг Ун- доушник на ЦИА? | Свет | DW | 11.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Полубратот на Ким Јонг Ун- доушник на ЦИА?

Јужнокорејските безбедносни служби не можеа да го потврдат извештајот дека полубратот на севернокорејскиот лидер бил соработник на ЦИА и оти пред да биде убиен патувал на состанок со својот контакт во оваа тајна служба.

Официјални претставници на јужнокорејската разузнувачка служба и на министерството за обединување денеска изјавија дека не можат да ги потврдат информациите кои вчера ги пренесе американскиот весник Волстрит Џурнал. Весникот како извор за извештајот во кој се вели дека Ким Јонг Нам бил соработник на ЦИА наведе неименувано лице „запознаено со работите“,

Вол Стрит Џурнал пренесе дека Ким Јонг Нам неколкупати се сретнал со оперативци на американската тајна служба но речиси сите други детали околу неговата врска со ЦИА остануваат непознати. Самата ЦИА сѐ уште ги нема коментирано ваквите наводи.

Ким Јонг Нам беше убиен на 13 февруари 2017 година, кога две млади жени го испрскаа со отровниот гас Ве Икс на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур. Обвиненијата за убиство против двете жени претходно годинава беа отфрлени. Тие се товареа за соработка со четворица Севернокорејци за кои обвинителството тврдеше дека на денот на убиството ја напуштиле Малезија. Адвокатите на обвинетите жени наведоа дека тие се користат како пиони во политичкото убиство јасно поврзано со севернокорејската амбасада во Куала Лумпур.

Повеќе:

-Истрага: Ким Јонг Нам убиен со нервен гас

САД и Јужна Кореја за убиството на Ким Јонг Нам го обвинија Пјонгјанг, но самата Малезија никогаш официјално не го стори тоа. Ким Јонг Нам беше најстариот член на актуелната генерација на владејачкото севернокорејско семејство, и можеше да биде виден како закана за владеењето на Ким Јонг Ун.

DW.COM

Реклама