Полскиот претседател ќе го потпише спорниот закон за холокаустот | Свет | DW | 06.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Полскиот претседател ќе го потпише спорниот закон за холокаустот

Двата дома на полскиот парламент веќе го усвоија законот, кој меѓу другото забранува нацистичките концентрациони логори во окупирана Полска да бидат означувани и како „полски логори на смртта“.

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави денеска дека ќе го потпише спорниот предлог-закон за холокаустот и покрај протестите на Израел и на САД.

Законот предвидува затворски казни во траење до три години за споменувањето на терминот „полски логори на смртта“ и за јавно говорење наспроти историските факти дека полската нација или држава е вмешана во злосторствата на нацистичка Германија. 

Повеќе на темата:

-Полска го донесе спорниот закон за холокаустот

Полската десничарска влада истакнува дека законот е неопходен за да се заштити репутацијата на Полјаците како жртви на нацистичката окупација.

Израел, пак, од своја страна критикуваше дека законот би ги забранил вистинитите изјави за улогата која некои Полјаци ја играле во нацистичките злосторства.

Претседателот Дуда денеска уште истакна дека ќе му се обрати на Уставниот суд за дополнителни разјаснувања и за конечна пресуда во однос на законот. Но тие најверојатно би биле објавени дури откако законот ќе стапи во сила.

DW.COM

Реклама