Полска се збогува од убиениот градоначалник на Гдањск | Свет | DW | 19.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Полска се збогува од убиениот градоначалник на Гдањск

Илјадници луѓе се собраа денеска во базиликата во Гдањск да му оддадат последна почит на убиениот градоначалник Павел Адамович, во присуство на полски и странски државници.

Централната и другите комеморации ширум земјата во живо ги пренесува националната телевизија. Големи екрани се поставени на неколку места во градот со цел насобраните граѓани да можат да ја следат церемонијата во базиликата. Слики на убиениот градоначалник Адамович се поставени на бројни излози на продавници, кафулиња и ресторани во Гдањс.

Околу 3500 луѓе меѓу кои и претседателот на Полска Анджеј Дуда, премиерот Матеуш Моравјецки и други полски лидери, вклучително и Нобеловецот Лех баленса учествуваат на церемонијата во базиликата во Гдањск. Говор или политички настап не е предвиден.

Повеќе:

-Црн ден за Полска

-Градоначалникот на Гдањск почина по напад со нож на бина

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, долгогодишен пријател на Адамович учествува на церемониите од синоќа, како и стотина градоначалници од Полска и други земји, вклучувајќи ги градоначалниците на Бремен и на Хамбург. Меѓу присутните е и поранешниот германски претседател Јоахим Гаук.

53-годишниот Адамович почина во понеделникот од повредите кои со нож во претходната вечер на добротворна прослава на на бина во градот му ги зададе ситениот локален криминалец Стефан В. Откако му ги зададе смртоносните бодежи на градоначалникот, Стефан В го зема микрофонот и викаше дека Адамович мора да умре бидејќи неговата партија Граѓанска платформа невин го ставила во затвор и наводно го тероризирала таму.

Павел Адамович беше многу популарен во Гдањск и успешно го водеше градот во последните 20 години. За многу граѓани на Полска вистински виновник за смртта на градоначалникот е говорот на омраза кој ги поларизираше полските политичари и општество.

 

DW.COM

Реклама