Полска: Самоволието на Качински ги загрозува фундаменталните права | Свет | DW | 27.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полска: Самоволието на Качински ги загрозува фундаменталните права

Пред две години партијата на Јарослав Качински „Право и правда“ (ПиС) освои апсолутно мнозинство во Полска. Оттогаш бесрамно ја користи оваа надмоќ. Но и се држи до поголемиот дел од ветувањата.

Многу доктори во Краков денеска не се на работа. Причината е штрајк на медицинските лица. Со ова тие сакаат да им изразат поддршка на колегите во Варшава. Од 2 октомври, околу дваесетина млади докторанти започнаа штрајк со глад. Бараат итно зголемување на платите на 550 евра. По три недели протест, владата се чини како да е подготвена да попушти. Секако сака да даде помалку пари за државното здравство во кое ионака недостасува работна сила поради иселување на кадрите и не реагира така бргу како што сакаат младите докторанти. Во Полска има 2.2 лекари на 1.000 жители, што е најниско ниво во Европа.

Типична реакција на владата

Веднаш кога „ветерот ќе дувне посилно", владата се чини дека е подготвена на компромис, но во пракса тоа оди тешко. Сега се усвоени барањата на противниците на ограничувањето на законот за абортус, кој е многу рестриктивен во споредба со европските закони, а се од пред една година. Предлог законот по иницијатива на една деснокатоличка граѓанска иницијатива блиска до владејачката партија е замрзнат во парламентот, но во меѓувреме се подготвува нова забрана за абортус.

Во принцип, деснопопулистичката партија на Јарослав Качински си се држи до курсот кој го најави во кампањата во 2015 година. Тогаш на Полјаците им беше ветено дека ќе се зголеми социјалната помош како и дека ќе следи длабока државна реформа позната како „Добра промена". Точно две години по големата победа (освоени 37,6% од гласовите и 235 од 450 пратенички места), ПиС благодарение на даночните измени успеа да го исполни најважното социјално ветување. Така за прв пат по промените од 1989 година, семејствата добиваат детски додаток кој е повисок дури и од оној во Шведска. Границата за одење во пензија е намалена од 67 на 65 за мажи, односно на 60 години за жени.

Polen Abstimmung im Unterhaus über Justizreform (Reuters/Agencja Gazeta/S. Kaminski)

Силниот лидер во средината: Јарослав Качињски

Во согласност со изборните ветувања

Покрај социјалните, остварени се и други изборни ветувања кои навлегуваат длабоко во демократските темели. Така, јавно-дифузните претпријатија (Радио, Телевизија и новинската агенција ПАП) се под контрола на ПиС. Со ова се доведува во опасност слободата на печатот, иако во Полска традиционално има силни приватни медиуми. Уставниот суд исто така ги поддржува партиските интереси на Качински. Државната администрација исто така. Со неколку исклучоци, сите државни функции се пополнети со партиски кадри. Со промената на врвот се зафатени и државните компании. ЕУ поради ова поднесе тужба против Варшава. Но, се чини владата на ПиС воопшто не е засегната поради тоа. Тие знаат дека може да сметаат на вето од Унгарија. И таму деснопопулистите кои се на власт уште од 2010 година ја заробија демократијата и постојано го изигруваат Брисел.

Спроведувањето на правната реформа, со која требаше да се стават под контрола на ПиС и судовите е спречена поради вето на претседателот Анджеј Дуда, иако и тој политички е дел од деснопопулистичкиот блок на Качински. Со недели се одвиваат преговори меѓу Качински и Дуда за да се изнајде компромисно решение. Со ова треба да се избегнат и поделби во владејачкиот блок на половина од мандатот.

Polen Demonstration in Warschau (Getty Images/AFP/J. Skarzynski)

Протести против уставните реформи во Варшава

Вознемирувачки анкети

Одлуките на ПиС, меѓу кои во меѓувреме е и ограничување на правото на собир, предизвика само млак протест. Протести на улица имаше само при заострувањето на правото на абортус во октомври 2016 и против правните реформи од јули годинава. Во основа, ПиС во Полска, наспроти Берлин и Брисел, и две години по победата ужива голема поддршка. Најновите анкети на Институтот за испитување на јавното мислење ИБРиС, покажуваат дека партијата на Качински денес може да освои поголем број гласови од пред две години, односно 38,4%. Со далеку помала поддршка на второ и четврто место се двете либерални опозициски партии „Граѓанска платформа" и „Модернисти“. На трето место е исто така десно популистичката партија „Кукиз 15", која често ја поддржува ПиС во собранието.

Валидноста на овие анкети е доведена во прашање од една друга анкета на Институтот за испитување на јавното мислење ЦБОС. Според неа во март, 58% од Полјаците се изјасниле дека денеска е подобро да не се изјаснуваат јавно за политичките определби и убедувања, а 37% од испитаниците не се чувствувале ограничени во однос на нивната слобода на изразување. Кратко по промената, во 1993 година ситуацијата беше спротивна. Тогаш 60% од испитаниците беа уверени дека можат слободно да ги искажат политичките ставови, додека 33% се сомневале во тоа.

Скора владина реконструкција?

Иако ПиС може да биде задоволен од сите партиски поврзани анкети, со недели има шпекулации дека за ноември е планирана реконструкција на владата. Информациите варираат дека ова ќе биде од длабока до само козметичка промена. На листата за отстрел на Качински се наоѓа министерот за инфраструктура, а се ниша и столицата на премиерката Беата Шидло. Дури и од кругови на ПиС може да се слушне дека би било најдобро ако Качински официјално ги преземе владините обврски и да не ги влече веќе конците од позадина. Од друга страна Шидло во изминативе 24 месеци се докажа како лојален соработник на партискиот шеф. Поради тоа нема причина таа да биде тргната.

DW.COM

Реклама