Полска: Владејачката партија победи на регионалните избори | Свет | DW | 22.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Полска: Владејачката партија победи на регионалните избори

Според прогнозите на изборите за собранијата на полските покраини - војводства, владеачката конзервативна партија ПиС освои најмногу гласови. Во големите градови, меѓутоа, во предност е опозицијата.

И покрај тврдиот курс за конфронтација со ЕУ, полската владеачка партија Право и правда (ПиС) и натаму ужива голема поддршка во земјата. Националната конзервативна партија, според првичните проценки, освоила 32,3 отсто од гласовите на важни регионални избори и со тоа е победник на гласањето. „Ние победивме со резултат кој е добар предзнак и за парламентарните избори“, рече лидерот на партијата, Јарослав Качински.

Повеќето гласачи на ПиС, кои застапуваат традиционални вредности и се блиски до Католичката црква, живеат во руралните средини во југоисточна Полска. Во битката за градоначалничките места  во големите градови како Варшава или Познањ, според проценките триумфална е опозицијата.

Големо изненадување претставува прогнозата дека проевропскиот опозициски кандидат Рафал Тжаковски ќе победи уште во првиот круг од изборите за градоначалник на Варшава. Тжаковски, поранешен пратеник во Европскиот парламент и член на Граѓанската платформа, со освоените 51,4 насто гласови веројатно ќе го избегне вториот круг гласање на 4 ноември. „Градовите остануваат бастиони на слободата во Полска", порачаа од партијата на Тжаковски. Имено и во други градови, ПиС не успеа да излезе како победник од гласањето .

Polen Regionalwahlen | Rafal Trzaskowski (picture-alliance/AP Photo/A. Keplicz)

Рафал Тжаковски

Државната изборна комисија треба да ги објави конечните официјални резултати во вторник вечер или во среда. Вчерашните локални избори беа прв голем тест за владеачката конзервативна партија од нејзиното доаѓање на власт во 2015 година, откога Полска е во постојан конфликт со Европската унија иако е нејзина членка.

Излезеноста на вчерашните избори од 51,3 насто, е поголема отколку на претходните регионални избори во 2014 година.

DW.COM

Реклама