Половина век од првиот албум на Ролинг Стонси | Панорама | DW | 24.04.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Половина век од првиот албум на Ролинг Стонси

Дванаесетте нумери од албумот денес важат за рок-класика. Но, пред 50 години, тоа беше албум првенец на младите рокери: „The Rolling Stones", кои донесоа многу новини на светската музичка сцена.

На објавувањето на дебитантскиот студиски албум во април 1964. му претходеа три сингла и едно проширено издание. Мик Џегер, Брајан Џонс, Кит Ричардс, Чарли Вотс и Бил Вајман веќе добро го протресоа музичкиот пазар во својата родна Англија. „Not Fade Away“ за кратко време стана апсолутен хит и се најде во друштво на најтиражните синглови. Но, по некое чудо овој сингл не се најде меѓу нумерите на првиот албум (насловен со името на бендот). Барем не во британската верзија. За американскиот пазар, списокот на песните изгледаше поинаку.

Британскиот рок-контра концепт

За разлика од Битлси, кои во таа 1964. година веќе беа на пат да станат светски поп-феномен, менаџерот на Стонси, Ендру Олдхам (претходно портпарол на Битлси) свесно и смислено сакаше на британскиот пазар да му понуди контрапункт. Концептот на „лоши момчиња“ спроти фината и слаткоречива

Cover des ersten Albums der Rolling Stones

Оригиналното издание на првиот албум на Стонси

поп-четворка, набрзо се покажа како полн погодок, иако во првите настапи и гостувања на телевизија немаше ништо што би навестувало имиџ на бесни рокери. И бизнис-стратегијата на менаџментот беше поинаква во однос на конкуренцијата, бидејќи Стонси, за разлика од Битлси, целно атакуваа на американскиот пазар. За волја на вистината, вратите од онаа страна на Атлантикот на британските изведувачи им ги отвори токму четворката од Ливерпул. Поради тоа песните за американската верзија од првиот албум на Ролинг Стонс беа внимателно бирани. Првиот впечаток беше најважен, и затоа на него се најдоа девет обработки на американски ритам и блуз хитови. Практично, во САД, Стонси имаа само три свои композиции.

Први чекори

Кантавторскиот дует Џегер- Ричардс на самиот почеток вложуваше доста време во пронаоѓање сигурен рецепт за хитови. Со текот на времето сфатија дека едноставната комбинација на гитарски рифови е вистинското решение. Таа генијална едноставност беше воочлива во арт-поп композицијата „Tell Me“. Првиот албум на Стонси е снимен пред 50 години на двоканална магнетофонска лента. Звучи неверојатно, доколку се има предвид дека песните денес се

снимаат со помош на софтвер на преку 100 канали. Притоа, оригиналната снимка на албумот „The Rolling Stones“ во Европа се појави во моно верзија, а песните се одсвирени и снимени во лондонското студио Риџент саунд, во соба во која звучната изолација на зидовите е обезбедувана со картони од пакувања за јајца. По Стонси, тука своите први чекори ги направија и The Who, The Kniks, The Yardbirds и многу други.

Првиот албум, снимен пред половина век на Стонси им го осигура патот кон успешна кариера. Непосредно по објавувањето во Англија, првиот студиски албум се најде на првото место на најпродаваните музички изданија. Во самиот врв остана речиси цела година. Во Германија стигна до второто место, а во САД до единаесеттото. Така беше создадена основата за меѓународната кариера која трае до денес. По повеќе стотици милиони продадени изданија, Стонси не само што се најуспешните рокери на сите времиња, туку сѐ и еден од најдобрите бендови, воопшто.