Полицијата во Лондон во „лов“ на осомничени | Свет | DW | 16.09.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Полицијата во Лондон во „лов“ на осомничени

По нападот во Лондон, британската влада ги заостри безбедносните мерки во државата. Во земјата во сила е највисок степен на предупредување од тероризам.

За чување на поважните институции во Велика Британија се распоредени војници, а за дополнителна заштита се ангажирани и воени патроли. Во меѓувреме, во земјата во сила е највисок степен на предупредување од тероризам. Петтиот степен значи дека британските власти сметаат оти е можно да претстои нов терористички напад.

London Anschalg U-Bahn Station Parsons Green (picture-alliance/empics/T. Ireland)

Марк Роули, Скотланд Јард

Во експлозијата на рачно изработена бомба во полн вагон од лондонското метро, во близина на станицата Парсонс Грин, вчера беа повредени најмалку 29 лица. Станицата од изутринава е повторно отворена.

Полицијата интензивно трага по извршителот или извршителите на нападот. Шефот на антитерористичките единици на Скотланд Јард, Марк Роули, изјави дека полицијата е „во лов на осомничени“. „Нашата истрага напредува со голема брзина“, нагласи тој, но не наведе детали за осомничени лица или за бомбата.

Гледај видео 00:47

Во Лондон експлодирала бомба од рачно производство

Според извештај на „Гардијан“, веќе се прегледани снимките од камерите за видео-надзор, на кои се гледа како поставувачот на бомбата влегува со експлозивот во подземната железница. Одговорност за нападот презеде Исламска држава, која тврди дека се поставени повеќе бомби, од кои една погодила 30 лица. Исламска држава најавува дека најлошото допрва претстои.

Вчерашниот напад во Лондон беше петти напад во Велика Британија годинава.Во досегашните напади загинаа 36 луѓе.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама