Полициски специјалци и ставија крај на заложничка драма во автобус на „Ласта“ | Информации и анализи за Германија | DW | 22.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Полициски специјалци и ставија крај на заложничка драма во автобус на „Ласта“

Синоќа заврши драмата со автобусот од Србија на автопатот А9 во Германија. Српски државјанин кој ги земал тројцата возачи како заложници е уапсен.

Автопатот беше затворен за сообраќај во двата правци во вторникот попладне

Автопатот беше затворен за сообраќај во двата правци во вторникот попладне

По големата полициска акција на автопатот А9 јужно од Нирнберг, осомничениот утрово е сослушан, изјави портпаролот на полицијата и прецизираше дека 30-годишникот „им се заканувал со смрт“ на патниците на туристичкиот автобус и „веројатно земал тројца возачи како заложници“.
До кавгата во автобусот на „Ласта“ кој се движел кон Србија, според полицијата, дошло во вторникот попладне. Осомничениот тврдел дека има пиштол и се заканувал дека „сите ќе ги убие“. Дошло и до физички судир со неколку патници, при што две лица се полесно повредени. Поради тоа, автобусот запрел на дел од автопатот меѓу Хилполтштајн и Грединг во покраината Баварија, а освен тројцата возачи, сите патници можеле да излезат. 
Неколку десетици специјалци на единицата СЕК на германската полиција била ангажирани, и додека траела повеќечасовната блокада на автопатот во двете насоки, успеале да воспостават контакт со еден од возачите преку мобилен телефон. Агенцијата Ројтерс пренесе дека околу 21:25 часот се слушнале три детонации, но тоа не се наведува во полицискиот извештај. 
Драмата конечно завршила неколку минути подоцна, а осомничениот е уапсен „без отпор“. Полицијата засега не открива никакви дополнителни информации за случајот- не се знае дали осомничениот бил вооружен, затоа што ни кај него, ни во автобусот, не е пронајдено оружје. Не се знае дали возачите навистина биле земени како заложници, а нема ни информации за психичката состојба на напаѓачот, како ни за можните мотиви за нападот. Истрагата е во тек, велат од полицијата.