Полициски специјалец е убиецот на рускиот амбасадор во Турција | Свет | DW | 19.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Полициски специјалец е убиецот на рускиот амбасадор во Турција

Рускиот амбасадор Андреј Карлов беше убиен попладнево во турскиот главен град, Анкара. Убиецот порача дека атентатот е одмазда поради руската улога во Алепо, Сирија. 

Специјалец на турските полициски сили, 22-годишниот Мевлут Мерт Авдинташ изврши атентат врз рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов (на насловната фотографија). Рускиот амбасадор присуствуваше  на изложбата на фотографии насловена „Русија видена од Турција“ кога одеднаш се слушнаа истрели од огнено оружје. Камерите го регистрираа целиот настан додека убиецот извикуваше на арапски и турски јазик. „Не заборавајте на Алепо, не заборавајте на Сирија“ а потоа и „Алах е голем“. Убиецот истрела вкупно осум куршуми а во престрелката беа ранети уште три лица. Полицијата подоцна го застрела напаѓачот и тој починал. 
Нападот се случува во екот на зголемени тензии во Турција поради настаните во Алепо и раст на анти-руското расположение. Претходните денови се одржуваа и протести пред руската амбасада во Анкара поради поддршката на Москва на сирискиот претседател Башар Ал Асад. 

Türkei Anschlag auf russischen Botschafter (picture alliance/dpa/O. Ozbilici)

„Не заборавајте на Алепо, не заборавајте на Сирија“, извикуваше атентаторот.


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нападот имал за цел да им наштети на односите со Русија. Тој рече дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и притоа и двајцата се согласиле дека се работи за акт на „провокација“. Во телевизиско обраќање, Путин рече дека актот „претставува провокација насочена кон нарушување на нормализацијата“ на билатералните односи и на „мировниот процес во Сирија“. 
Руски истражители веќе се на пат кон Анкара и ќе учествуваат во истрагата за случајот. 

Засега нема информации за можна поврзаност на убиецот со некоја група, а експресна осуда на нападот стигна и од движењето „Ѓулен“ од каде отфрлија можна поврзаност.

Реклама