Политичката криза- отров за економијата | Економија | DW | 20.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Политичката криза- отров за економијата

Несигурноста никогаш не е добра за стопанството. Но по пропаѓањето на сондирачките разговори за нова владина коалиција во Германија, таа е голема. Соодветно остри се првичните реакции од економијата.

Цели четири недели траеја прелиминарните преговори за нова владина коалиција. На крајот без успех. Веста која беше објавена синоќа кратко пред полноќ, наиде на остри реакции од германското стопанство. Најголемата германска бизнис организација, Федерација на германските индустрии, ги повикаа денес, по неуспехот од сондирачките преговори за владина коалиција, политичките партии да покажат одговорност и да направат компромиси.

Претседателот на Федерацијата, Дитер Кемпф, рече дека германската индустрија ја очекуваат „огромни предизвици“ и покрај добрата економска ситуација во земјата. „Економската стабилност е потребна за политичка стабилност“, рече Кемпф.

Гледај видео 00:42

Линднер: „Четири партнери без меѓусебна доверба“

Тој смета оти за „глобалната криза, потребата за реформи во Европа и за итни одлуки за инвестирање“ во Германија е потребно повеќе од техничка влада. Според неговите зборови „сите партии мора да бидат подготвени на компромиси поради растот, просперитетот и вработувања“ во земјата.

„Фатално“- беше пак првата реакција на претседателот на Централната асоцијација на германски занаетчии Ханс Петер Волзајфер. Очигледно, партиско-политичките калкулации беа посилни од целокупната одговорност за државата. „Така,  партиите кои учествуваа во сондирачките разговори на Германија ѝ направија лоша услуга ", рече Волзајфер во Берлин.

Покрај тоа, според него, политичката несигурност е „отров за економијата".

„За германската економија, неуспехот на прелиминарните разговори за формирање нова владина коалиција е разочарување ", рече претседателот на Германската индустриска и трговска комора (ДИХК), Ерик Швајцер, велејќи дека германските компании сега ќе треба да се подготват за евентуално подолг период на несигурност.

Гледај видео 00:41

Меркел: „Сторивме сѐ за да постигнеме договор“

Се разбира, неизвесноста е отров за економијата, истакна пак Јерг Кремер, главен економист на германската банка Комерцбанк. „Но неуспехот на преговорите за таканаречената Јамајка коалиција не може да биде шок за бизнисот, откако преговорите се одолговлекоа на мачни четири недели". Покрај тоа, германската економија е во многу стабилна состојба, истакна Кремер.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама