Покана од Пјонгјанг за самит на двете Кореји | Свет | DW | 10.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Покана од Пјонгјанг за самит на двете Кореји

Неговата сестра ја пренесе пораката по повод зимската Олимпијада во Пјонгчанг. Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја во неа го покани јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин во Пјонгјанг.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го повика претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, на самит во Пјонгјанг, соопштија денеска властите во Сеул.

Поканата ја пренела сестрата на лидерот на Северна Кореја, Ким Јо Џонг (насловна фотографија), а наведено е дека Кин Џонг Ун е подготвен да се сретне со јужнокорејскиот лидер „што е можно поскоро“. 

Повеќе на темата:

-Пјонгчанг- Олимпијадата нема да го спаси светот

-Северна Кореја наголемо ги заобиколува санкциите

-Северна и Јужна Кореја повторно водат директни разговори

Сестрата на лидерот на Северна Кореја вчера пристигна во Јужна Кореја на свеченото отворање на Зимските олимписки игри, како прва од владејачката династија од северот која дошла на југот по крајот на Корејската војна во 1953 година.

Најавениот самит на двете Кореји би бил трет таков состанок а преходните два состанока беа одржани во Пјонгјанг во 2000 и во 2007 година.

Портпаролот на јужнокорејскиот претседател изјави  дека Мун Џае Ин истакнал оти Сеул и Пјонгјанг треба да продолжат да работата на создавање услови за одржување на самитот и повика на што е можно побрзо продолжување на дијалогот меѓу САД и Северна Кореја. 

Скепса во Вашингтон

Еден ден претходно, претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин и номиналниот севернокорејски шеф на државата Ким Јонг Нам се сретна и се ракуваа пред церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Претседателите на ривлсските земји се насмевнуваа додека се ракуваа во опуштена атмосфера.

САД гледаат со скепса на последната шерм-офанзива на Пјонгјанг по повод Зимските олимписки игри. Набљудувачите дипломатската офанзива на Северна Кореја ја сметаат за нејзин обид да издејствува олабавување на санкциите и за заслабнување на сојузот меѓу Сеул и Вашингтон.

DW.COM

Реклама